90% ОД ОВИЕ ШТО БАРААТ ОСТАВКА ОД ЗАЕВ ЗА РУСКИТЕ КОМИЧАРИ, СЕКОЕ САБАЈЛЕ СЕ МОЛАТ ГРУЈО САТРАПОТ ДА СЕ ВРАТИ ЗА ПРЕМИЕР!

Објавено на 10.07.2019 во 01:17:55 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Убедливо мнозинство на овие што урлаат по премиерот Заев и бараат да си поднесе оставка за скандалот со руските комичари, секое сабајле молат бога Грујо да се врати на власт.

Одамна тие му простија на Грујо и за дигањето на Космос со динамит, и на судските местенки на Љубе и Кежаровски, да не зборам пак за кланицата од 27-ми април, дури мислат дека малку крв падна и малку ќотек се изеде.

Овие копуци на Грујо 12 години му простуваа за се па дури и му помагаа во тепањеот новинари, користењето владини пари за пропаганда и поткуп на избори...

Осакатеното обвинителство и судство тогаш тие го величеа. Фамилијата која пред очите на сите ги полнеше своите куфери тие не само што не ја гледаа, туку и тие самите лапаа од купот.

И сега врескаат до небо за една банална грешка која им се десила на многу поголеми лидери на поголеми држави од нашата?!

Ајде бе сиктер таму преваранти едни, багро една куртонска бесрамна!!!

Ќе се измачите со Заев, ќе се изначекате да падне од власт, има уште битки да биете, овие куршуми ви се ќор-фишеци!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија