ШОКАНТНИ ОБВИНУВАЊА ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ПУИГ ОД СТРАНА НА СМЕНЕТИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР ИСЕНИ, ВО ИЗЈАВА ЗА МАКТЕЛ ДИРЕКТОРОТ ТРАЈКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ Е ЛАГА!

Објавено на 10.07.2019 во 11:52:13 часот | Македонија

 

Жестоки обвинувања кон директорот на ПУИГ, Кристијан Трајковски од НСДП, од страна на сменетиот претседател на управен одбор на ова јавно претпријатие задолжено за изградба на станови и деловен простор, Џеват Исени.

Xhevat Iseni
May 15 · 
 

Zasto den denes generallniov direkto ne go dostavill spisokov na novo vrabotenit koj 
Se primeni vo negovo vreme kojse i kollku se vkupno kolku aplicirale i dali vopsto bile povikani na intrevju anti kurupci vednas istraga da otfor

Dali generlniov direktor ima nadvoresen sovetnik koj mimo toa sto ima cel sektor i rakovditel on ima sovetnik penzioner koj go pllaqa ekstra sto mu e dollźen tollku 
Za da mu bide sovetnik za transvormacija na drźavno zemjiste i dali bill izbrkan porano ot istovo akcionerko drustvo

Dali po vlianie na cucullovski ili vo samovollna sorabotka gi mestat javnive nabavki za odrźuvanje na liftovi bitollska firm

Zasto skor dve godine nese postapuva po odlluka na bord za generallna revizija ot ekspertski tim revizor

Go prashuvam generalniov direkt dali imashe izvrshen atak vrz upravniov odbor so pripadnici na ALLFI 
Koga ja trebas da nosam izvestaj vo vllad za negovto rabotenje 

Kollku ima potroseno direktorov za rruçeci i dali korstill dve kartiçki ot dve banki
A ednata go vrati ot koga ja otkriv deka go koristi lice koj ne vraboten vo drustvov

Kolku kartiçki za parkinzi ima generalniot direktor na negovo ime a pret nekollku dena muse ukineti ot elektro soft

Ja ne dojdov da go unistam firmava 
Dojdov da go uporama

Dali javnite nad davanj se mestat .

Predllagam vlldava serozno da razgleda za povlekuvanje na dvajca çlenovi na bord i gneralniovdirekto 
I dase praj revize za dosekasnovo rabotenje
Spremen sum da dam otçet javnoa za mojevo 
Rabotenje vo ova drustvo 
Koristam sluzbeno vozill 
Mobillen telefon
I edna kartiçka za eden parkin

Dosta qutev .

Drustvovo sekojden se unistuva se krçmosuva gotovinava na stanovive

Gradba nema

 

Во изјава за Мактел.мк директорот Трајковски вели:

- Картичките ги укинавме. Имаме многу проблеми околу градењето поради мораториумот и поради ревизијата на ДУП-овите со што се нанесе огромна штета врз претпријатието.

Имавме цели згради продадени а зградите не ни се дозволуваше да ги градиме, исто е и во Аеродром каде пак граѓаните се организираа и ја блокираа долго време изградбата на зградата за која имаше уредна маркица и одобрение за градба.

Што се однесува за нападите за криминал, тие многу тешко ме погаѓаат како човек затоа што јас во живот немам еден денар украдено, ако е едно нешто точно од тоа јавно нека ме обесат на плоштад!

Со господинот Исени имавме големи недоразбирања и поради тоа повикавме помош од Алфите и ситуацијата се среди.

Инаку јавноста не знае дека јас две години се борам да го вратам долгот од 2 милиона евра за суперкупот и на никој не сум се за тоа пожалил и остана уште 1 милион и сами ги најдовме тие пари од наши извори не сме побарале од влада помош. Наследив стари долгови од 4 милиона евра за неплатени добавувачи и тој долг го вративме целосно.

Имавме 3 месеци исклучена вода, имавме неплатен данок кон УЈП од пола милион евра, се тоа е средено, имавме изгубено судски процеси во висина од стотици илјади евра и се тоа го решивме, и сега наместо некој да не пофали ние добиваме само критики и клевети.

Во ПУИГ работат околу 350 луѓе. Јас си ја работам работата колку можам, ако премиерот реши да ме смени нема да му се лутам.

За сменетиот Исени не сакам да зборувам ништо лошо, едноставно имавме различни гледишта уште на стартот и не успеавме да се разбереме и жалам поради тоа.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет