ДОБРО Е ШТО ЗАЕВ НЕ ЈА ПРИФАТИ ТАКТИКАТА НА РАШКОВСКИ СО НОВИНАРИТЕ

Објавено на 10.07.2019 во 13:46:34 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


И двајцата се чисти и во право, но и двајцата направиле грешка, мала но сепак грешка.

И сега имаш два пристапи, да влезеш во војна со новинарите од кои дел се тешки куртони и прашуваат малициозни прашања без аргументи и логика, или пак да ги третираш сите прашања и новинари еднакво, со респект. Со други зборови намерно да се правиш мутав дека не знаеш која багра те прашува.

Првиот е пристапот на Рашковски кој просто одбиваше да одговара на малициозните прашања и дури фати да се расправа со куртоните.

Вториот пристап е на премиерот Заев кој наместо да влезе во војна со новинарите се држеше на темата. 

Вгориот пристап се покажа многу поефективен. Наместо да прави од куртоните некакви ЕБЕНИ ДИСИДЕНТИ и ЖРТВИ НА НОВАТА КОМУЊАРСКА ХУНТА, Заев изрази жалење, извинување, каење, човечност...

Заев можеше да ја нападне нивната кредибилност и лицемерие, но така ќе изгледаше дека нешто крие па бега од одговор.

Нападите на куртоните не успеаја. ЗНМ нема што да се буни, сите беа третирани со респект.

Јавноста е задоволна, премиерот не изгледаше како ранет лав, туку како понизен слуга на народот, обичен човек од крв и месо.

Куртоните како гладни хиени си заминаа дома гладни.

Македонија уште еднаш победи!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија