ВМРОВЦИТЕ СЕ ТРУДАТ ДА НЕ УБЕДАТ ДЕКА ЗАЕВ БИЛ ГЛУП, ЕПА АЈ ДА ВИДИМЕ ДАЛИ Е ТАКА?!

Објавено на 11.07.2019 во 00:46:18 часот | Македонија

Ајде да видиме дали е Заев толку глуп како што упорно се обидуваат да не убедат ВМРОВЦИТЕ овие денови.

Еве еден мал рекапитулар на настаните изминатите 5 години. Ќе почнеме од годината кога Заев стана лидер на СДСМ.

1. Во 2014-та година. ВМРО ДПМНЕ владееше во сите власти со мали исклучоци на 3-4 општини. Имаа претседател, премиер, собрание, градоначалници, судови, обвинители, УЈП, стопански комори, медиуми, па дури и со странците имаа доста добри односи, америчкиот амбасадор редовно одеше на лов на диви свињи со Емил Димитриев. Но тогаш Заев итро направи коалиција со Радмила Шеќеринска и успеа да му ја земе СДСМ на Бранко Црвенковски, потег кој и ден денеска се смета за политичко ремек дело, потег кој покажа дека Заев не е за потценување и дека знае политички да се бори и да победува и во СДСМ и надвор од СДСМ!

2. Заев дури 3 пати успева да ги победи ВМРО-вците во Струмица кои на секои локални избори ја селеа владата во Хотел Сириус и одеа од врата на врата, лично сите министри со торби пари и пак Заев на крај ги победуваше, тоа и ден денеска не можат да го разберат, тоа е политичка мистерија!

3. Заев откако стана лидер на СДСМ, итро со Верушевски успеа да извлече снимки од ДБК на кои режимот се имаше снимено сам себе како пљачка, владее режимски, практично дивее како хунта! Заев успеа да ги охрабри свиркачите Лазаревски и Костовски да ги изнесат снимките да му ги дадат на Веруш а овој му ги даде на Заев и поота се е историја. Заев почна јавно да ги објавува и јавноста имаше што да слушне, веќе ни неутралците не можеа да бидат тоа, веќе секој мораше да избере страна, или ќе бидат на страната на доброто или на страната на злото, веќе немаше право на изговор ама јас ништо не знам, мене политика не ме занима!

4. Откако почна да ги објавува снимките односно бомбите, Заев го убеди светот дека во земјата има режим и заедно со странците успеа да го натера режимот да преговара за техничка влада и предвремени избори. 

5. Ај што го натера режимот да оди на избори со техничка влада, создаде и специјално обвинително тело, СЈО, со неохграничен буџет, кое буквално потоа ќе го сотре целото раководство на режимот, сите нивни олигарси, пола ќе се разбегаат пола ќе станат соработници против режимот а некои почнаа штрајк со глад со закани дела ќе се обесат, па дури постои опасност и ВМРО ДПМНЕ како партија да се остави без денар имот, затоа што се им е украдено и сега замрзнато од СЈО?!?! Ако ова не е генијално, не знам што е...

6. Потоа Заев го охрабри народот да излезе и да гласа за опозицијата. Но тој знаеше дека тоа нема да биде доволно па храбро реши да се коцка и подаде рака кон Албанците и тие му дадоа 50 000 гласови! Уште поважно е што како колатерал на тој потег, ДУИ веќе не можеше да си дозволи да коалицира со ВМРО ДПМНЕ,  па со тоа Заев си обезбеди власт и без да мора да победи! Практично, со овој храбар и мудар потег Заев си обезбеди власт наредни 10 години БЕЗ ПОТРЕБА И ДА МОРА ДА ПОБЕДИ НА ИЗБОРИ?!?!?! Ако ова не е генијалност не знам што е...

7. Откако Заев се договори со ДУИ за влада, Грујо реши да не ја дава власта, Заев храбро но и мудро реши да го обезличи режиот до гола кожа и да го прикаже Грујо колку е суров непресметлив очаен мафијаш и лудак и го предизвика 27-ми април, настан, кланица со кој ВМРО ДПМНЕ се закопа за век и веков како терористичка организација. Мудро но и генијално од страна на Заев. Ем ги компромитира пола пратеници на ВМРО ДПМНЕ кои ќе ги искористи сами да гласаат и да му помогнат да го смени името?!?!

8. Откако успеа да дојде на власт, за да добие милијарди евра инвестиции и помош за земјата и гладниот народ, реши да се смири со соседите на Балканот и да најде решение кое ќе биде поволно за двете страни, нешто што беше незамисливо, НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА речиси 30 години! И тој најде сепак решение?!?! Со тој потег тој ја внесе земјата во НАТО што е огромен успех и направи ЕУ практично да НЕМА ИЗГОВОР зошто да не почне преговори со нашата земја!!! Ако ова не е генијално, не знам што е...

9. За да биде успешен премиер, тој владее така што става се на картата на економијата, па делат грантови и субвенции не само на странските инвестиции туку и на домашните, па економијата полека почна да зема замав, откако беше заспана речиси една декада!

10. Наместо парите да ги насочи кон промашени проекти како Скопје 2014-та, тој реши да вложи околу 1 милијарда евра на раздолжување на општините и на градење и реновирање над 700 километри патишта и неброени градинки, водоводи, канализации, школи, болници итн.

11. Сите скандали и афери ги менаџира така транспарентно и одговорно што после секоја афера личниот рејтинг му расте наместо да му опаѓа, и тоа без режимска пропаганда и диктатура?!?!?! Ако ова не е генијално не знам што е...

12. После 2 години власт, и после решени тешки проблеми како што се промена на име и договор со сосед кој ни го негира идентитетот, тој победува на претседателски избори?!?! Без масовна партиска машинерија, без поткуп на избори, без кражба на избори, без режимска пропаганда, без диктатура, без банкротирање на земјата?!?!?!

И ВИЕ УШТЕ МИСЛИТЕ ДЕКА ЗАЕВ Е ГЛУП!?!?! Ццццц, ако мислете и понатаму... Некои сакаат да го навредат Заев со тоа што го нарекуваат лудо храбар. Демек само храброста го довела таму каде што е, но не е така.

Зад храброста се крие мудрост и талент да повлече правилен потег во вистински момент. Многу малку луѓе имаат таков сплет на крактеристики - луда храброст со голема мудрост за политика и стратегија, затоа малку луѓе ќе срушат режим со пенкало и малку луѓе ќе доживеат да ја имаат таа чест да бидат премиери на нашата земја.

Некои велат дека странците го довеле на власт, они се на готово му сработиле, дека му се погодил моментот со нападот на Русија врз Украина со што западот реши да не му го даде балканот по никоја цена на Путин. Но сепак, ако Заев ја немаше храброста и мудроста, западот немаше да може да го смени Груевски без овој ваков Заев. Што ќе направеше западот ќе не бомбардираше? Така само ќе направеше од Груевски херој. Заев му дојде како порачан на западот за да си помогнеме едни на други. Но главната задача ја заврши токму Заев. Странците помогнаа, но само откако Заев распали со бомбите и потоа успеа да го победи Груевски со стратегија, со коалиции, со мудра тактика, со храброст.

Но ВМРО ДПМНЕ нека продолжи да го потценува Заев, тоа е неговото најсилно оружје, ги фаќа неспремни но и се мотивира со тие навреди и исмевања, како некој што е исто провинцијалец како него и цел живот бил исмеван дека е сељак, многу добро ја разбирам таа негова мотивација, таа некогаш може да биде посилна од најсилната дрога што постои на светот. Инаетот да им покажеш на сите дека грешеле за тебе но и задоволството кога ќе ги видиш арогантните гадови поразени и на колена.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет