Колку се очајни ВМРО-вците, жал да те фати, почнаа да прават скандали од најбанални ситници!

Објавено на 11.07.2019 во 12:37:54 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Најнов скандал денеска за што БРУИ на социјалните мрежи, знаете ли што е?

Претседателот Стево Пендаровски молчи додека Бојко и објаснува на својот мобилен на Ана Брнабиќ за некој проект за автопат од Софија до Белград.

Тоа што Стево бил тивок додека Бојко нешто збори со Брнабиќ било доказ дека Стево е глуп?!

Демек Бојко и Ана го избегавале Стево, Стево не знаел да се снајде итн итн...

Тоа се вика КРЕИРАЊЕ СКАНДАЛИ буквално од прдеж правење лајно, така вика нашиот народ.

Замислете колку се очајни ВМРО-вците, во недостаток на вистински скандали се доведени во ситуација да измислуваат скандали или од мали банални нешта да прават нешто страшно.

Исто беше и со снимките на Зоки со руските комичари а уствари руски агенти.

Тоа пак беше некаков доказ дека Заев бил многу глуп?! Ако е глуп, како ве порази и ве клекна на колена бе Вмровци?

Ако глуп човек ве победил, тогаш вие сте уште по глупи нели така?

Но ок, разбирам, секогаш за ВМРО-вците, се што ќе направи оваа влада ќе биде недоволно, погрешно, лошо итн, но сепак ќе треба за тоа да ги убедите неопределените.

Тие кои немаат страна и гласаат еднаш за едни, друг пат за други. А тие добро паметат што правеше ВМРО ДПМНЕ 12 години, во тоа време имаше такви колосални грешки и забегувања што овие сегашниве наводни скандали се МАЧКИНА КАШЛИЦА!

Камо среќа да 12-те години власт на ВМРО ДПМНЕ беше со такви скандали какви што прават Заев и Стево, кај ли ќе ни беше крајот...

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија