СВАРОВСКИ СУДИИТЕ ДРЖАТ БУСИЈА И НЕ СЕ ПРЕДАВААТ: Пет месеци не може да почне судењето за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ!

Објавено на 11.07.2019 во 17:58:10 часот | Македонија

Поради отсуство на судијка-поротничка и денешното рочиште за случајот Талир на СЈО кој се однесува на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ се одложи.

Поради операција на поротничката, судењето се одложи и минатиот пат.

Судијата Осман Шабани следното рочиште го закажа за 12 септември, бидејќи за десетина дена почнува судската ферија.

Овој судски процес никако да започне, првото рочиште беше закажано за 18 февруари но од тогаш постојано се одложува поради отсуство на некоја од странките. Денешното е осмо одложување.

Во овој случај обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ, пишува Плусинфо.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

повеќе

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет