БРАВО: БРАТСКА ТУРЦИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЛЕЗ НА НАШАТА ЗЕМЈА ВО НАТО!

Објавено на 11.07.2019 во 22:35:43 часот | Македонија

Турција вечерва го ратификуваше протоколот за нашето членство во НАТО, а веста на Фејсбук ја објави вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim!“, напиша Шекеринска.

Досега околу две третини од НАТО членките го ратификуваа протоколот за прием на Македонија, а во останатите отпочнати се постапките за ратификацијата, како што се Луксембург, Исланд, Велика Британија, Шпанија, Франција, Холандија и САД.

Согласно процедурите, целиот процес се очекува да заврши до крајот на годинава, а на самитот на НАТО во Лондон во декември, земјава и формално да биде примена како полноправна членка на алијансата.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет