ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ НА ЗАЕВ: Ние имавме само една третина од „бомбите“, кај Горан Грујевски запленија три милиони разговори

Објавено на 11.07.2019 во 22:58:54 часот | Македонија

Премиерот Зоран Заев во неговото вечерашно гостување на ТВ Клан рече дека не е тој оној кој треба да преземе одговорност за „бомбите“ кои сега излегуваат во јавност.

– Заев е доблесен политичар, растеретен, транспарентен. Но, за бомби за кои што нема дилема дека разговорите кои се случуваат се случувале 2008, 2009, 2010, 2011, 2012 година, јас да преземам одговорност? Па, зарем јас ја контролирав УБК? Зарем јас сум имал пристап таму да го снимам тоа? Апсолутно се знае од каде се бомбите – од режимот на Никола Груевски и Сашо Мијалков – рече Заев.

Во неговиот одговор, тој посочи дека тие поседувале само една третина од „бомбите“, а кај поранешниот началник на Петатта управа, Горан Грујевски, биле пронајдени три милиони разговори.

– Една третина од тие т.н. „бомби“ беа во наш посед. Анализирајќи ги само датумите, по моја и по проценка на нас од СДСМ тоа беа само една третина. Кога влегоа кај Горан Грујевски запленија повеќе од три милиони разговори само, а ние, ако не се лажам, предадовме некои 700.000 разговори и околу 350.000 пораки. Дел од тие разговори кои сега се лиферуваат, не биле ни во наш посед. Никогаш не биле во наш посед. Тоа значи дека тој што ги снимал, не само што му украле една третина да донесат кај Заев, тој ги има целосно, сто отсто односно тие три милиони – рече премиерот.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет