ПРОНАЈДЕНА СЕДМА ЖРТВА ОД НЕВРЕМЕТО ВО ГРЦИЈА, РЕЧИСИ ЦЕЛ ХАЛКИДИКИ БЕЗ СТРУЈА

Објавено на 12.07.2019 во 16:15:52 часот | Балкан

ПРОНАЈДЕНА СЕДМА ЖРТВА ОД НЕВРЕМЕТО ВО ГРЦИЈА, РЕЧИСИ ЦЕЛ ХАЛКИДИКИ БЕЗ СТРУЈА

Невремето на Халкидики предизвика големи штети иако траело само 20 минути (Фото: Екатимерини)

Бројот на загинати во вчерашното невреме на Халкидики порасна на седум, откако беше пронајдено уште едно тело во областа меѓу Созополи и Неа Каликратија. Властите веруваат дека станува збор за 62-годишниот рибар, кој исчезна во морето токму во таа област.

Претходно беше потврдено дека во невремето загинале чешка двојка, како и двајца романски и двајца руски туристи, меѓу кои и две мали деца. Тринаесет луѓе остануваат во болниците во Солун, од кои еден повреден се наоѓа на одделот за интензивна нега.

(Фото: ЕПА)

„Невремето буквално дојде од никаде и набргу настана хаос на плажата. Сите сакаа што побргу да избегаат“, изјави една британска туристка.

Околу 80 проценти од полуостровот Халкидики останал без струја во невремето и снабдувањето би требало да се нормализира до вечерните часови.

„Владата ќе обезбеди финансиска помош за три општини на Халкидики со цел да се помогне обновата“, изјави владиниот портпарол Стелиос Пецас.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Балкан

Македонија