Фудбалскиот стручњак Мирсад Јонуз ја отвори вратата за соработка со фудбалски Катар

Објавено на 14.07.2019 во 19:02:12 часот | Спорт

Мирсад Јонуз ја отвори вратата за соработка со фудбалски Катар  (ФОТО)

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз пред неколку дена престојуваше во Доха на покана на Фудбалската федерација на Катар  и  на “Aspire Akademi“. Петодневната посета на фудбалскиот стратег преставува отварање на вратата за соработка на следниот домаќин на Светското првенство во 2022 година.

“Успеав да ги видам сите стадиони кој веќе се подготвени за Светското првенство.Три стадиони се демонтажни и постои можност по завршување на Мундијалот да им бида дадени на користење на други федерации. Исто така ја посетив и најдобрата академија во светот “Aspire Akademi“  во чиј состав  има и специјална болница за спортски повреди со лекари од целиот свет. Голема благодарност до Советникот на Емирот и Директор на Академијата, Тарик Азиз Ал Наама, како и на неговиот заменик Али Салем“ изјави Јонуз.

Инаку, Мирсад јонуз од 2003 до 2009 годин беше селектор на младата фудбалска репрезентација на Македонија, а од 2009 до 2011 и на најдобриот национален тим. Јонуз беше тренер и во Победа, Работнички и во кипарскиот Неа Саламис.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Спорт

Македонија