ДЕМАНТ ОД ОЈО: КАТИЦА ЈАНЕВА НЕ Е ПОД ИСТРАГА НИТУ ПАК СЕ ВРШИ ПРЕТРЕС ВО НЕЈЗИНИОТ ДОМ, САМО Ѝ БИЛЕ ПОБАРАНИ ТЕЛЕФОНИТЕ

Објавено на 15.07.2019 во 22:43:20 часот | Македонија

КАТИЦА ЈАНЕВА НЕ Е ПОД ИСТРАГА, САМО Ѝ БИЛЕ ПОБАРАНИ ТЕЛЕФОНИТЕСпецијалната обвинителка Катица Јанева не е под истрага и не ѝ бил вршен претрес, велат извори од обвинителството. - Катица Јанева во Собрание (Фото: СДК.МК)

 

Обвинителството за организиран криминал од специјалната обвинителка Катица Јанева ги побарало нејзините телефони во врска со истрагата во која Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец беа уапсени за примање поткуп и перење пари, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Катица Јанева, која денеска депонираше оставка, не е под истрага и не ѝ бил вршен претрес, велат извори од обвинителството.

 

Како што кажа обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска на денешната прес-конференција за случајот, првоосомничениот Боки 13 го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата.

Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, двајцата осомничени побарале 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите откако извлекле 1,5 милиони евра.

За двајцата до судија за претходна постапка е поднесено барање за определување мерка притвор.

На денешната прес-конференција, јавниот обвинител Љубомир Јовески и Рускоска одбија да кажат за кој обвинител станува збор, а не објаснија ни дали се остварила трговијата со влијание, благодарејќи на моќта на обвинителот. Обвинителот за кој станува збор не бил повикан да даде исказ.

На прашање дали денешната оставка на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е поврзана со истражната постапка, Јовески одговори дека оставката е нејзин личен чин кој тие нема да го коментираат.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет