ОВОЈ ИМА ДОБАР СМИСОЛ ЗА ХУМОР: Сопственикот на дивоградбата кај Чинарот конкурирал на тендерот за фирма која ќе ги урива дивоградбите

Објавено на 15.07.2019 во 22:58:39 часот | Македонија

Меѓу двете компании кои доставија понуди на тендерот за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите во Охрид е и фирмата на советникот Нефи Усеини, сопственик на дивоградбата пред чинарот која деновиве крева многу врева во јавноста. Усеини во разговор за ТВ24 потврди дека учествува на тендерот со неговата фирма Нефи ИК. Денеска во општината Охрид беа отворени понудите на тендерот, а во конкуренција за избор е уште една фирма.

Усеини пред неколку дена направи јавно отворање на неговата пицерија од која дел е дивоградба, а на отворањето присуствуваше и струшкиот градоначалник Мерко. Градоначалникот на Охрид пак, Константин Георгиевски најави дека дивоградбата ќе биде отстранета веднаш штом се создадат услови. Како една од причините за досегашното непостапување беше наведено и тоа дека се уште не е избрана фирма за уривање.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет