ДРАМАТА ПРОДОЛЖУВА - БОКИ 13-КА ИМ ДАДЕ ДРАГОЦЕН ПОДАРОК НА МАФИЈАТА И НА ВМРО ДПМНЕ: При претресот во „1ТВ“ одземени компјутерите на Боки 13 и синот на Катица Јанева!

Објавено на 16.07.2019 во 00:02:59 часот | Македонија

Во текот на претресот вечерва во просториите на „1ТВ“ одземени се компјутерите на Бојан Јовановски, познат како Боки 13 од неговата канцеларија и компјутерот на синот на Катица Јанева кој е вработен во телевизијата, јавува репортерот на ТВ21.

Полицијата претрес извршила во канцеларијата на Јовановски, а целиот претрес имало налог и да биде сниман од страна на полициските единици.

Снимките на ТВ21 потврдуваат дека се одземени предмети од телевизијата, а како што објавува телевизијата претресот се вршел со цел да се пронајдат пари кои биле добиени со изнуда. Но засега нема информации дали се пронајдени, објавува ТВ21.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет