Премиере, те молам, не ги слушај советите на ПР советниците и појавувај се на секои 2-3 дена на прес, само ти си лекот за лажните вести и хистерии, иначе го обравме бостанот!

Објавено на 17.07.2019 во 13:59:48 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Не мислам дека советниците на Заев се неспособни или глупи, но на оваа тема мислам дека грешат.

Тие упорно го советуваат премиерот што поретко да се појавува на прес конференции, со тоа сакале да не ја деградираат неговата позиција, сепак си имало портпарол, тој требало да се појавува пред новинари само за некои специјални настани.

Те молам премиере, само ти си лекот за лажните вети и хистерии.

Во моментов во државата има една многу специфична ситуација каде медиумите се тепаат за рејтинзи и прават од ништо скандали, и од друга страна има една гомила медиуми кои креираат лажни вести затоа што се на платен список од Будимпешта.

Доколку не сакаш да спроведеш некаква диктатура па ќе забраниш хистерија и паника и лажни вести, а знам дека нема, тогаш единствено решение е да се појавуваш ти лично премиере и како што правиш до сега и понатаму лично да ги начекуваш тие паники и хистерии на нож и да за рогови па од земја и крај.

Иначе го обравме бостанот премиере, ќе те срушат копилињата со лажна хистерија и лажен наратив и лажна паника и лажни вести.

Само ти си лекот, следи го својот политички инстинкт и на оваа тема не ги слушај твоите советници, слушај го политичарот Заев кој досега се што направи беше исправно, биди тој, не се менувај.

 

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија