ЗОШТО НОВИНАРИТЕ ГО УБИВААТ СЈО, ДАЛИ СЕ НА ПЛАТЕН СПИСОК НА ОРЦЕ КАМЧЕВ ИЛИ СЕ НАМЕСТЕНИ КАКО ГЛУПИ МАЈМУНИ?!

Објавено на 18.07.2019 во 10:07:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Овие денови ги читам новинарите со која катарза го прогласуваат СЈО за мртва институција.

Само затоа што Катица била блиска пријателка со еден багабонт и рекетар за што таа не знаела, впрочем и целата јавност не знаеше, тоа е непријатно изненадување за сите.

Нема уште докази дека Катица е вмешана во било што нечисто и прљаво.

Зошто тогаш сите новинари побрзаа со жестоки колумни да го прогласат СЈО за мртво?

Дали се на платен список на Орце Камчев или пак се глупи како коњи?

Дали дозволија да бидат наместени и влетаа во замката која им се плетеше со денови?

Дали огромната доверба во СЈО и кревањето на СЈО до небото со идеал дека е БЕЗГРЕШНА институција сега ги разочара до таа мера што и најмала грешка сега ги тера во очај и депресија и веднаш го прогласуваат СЈО за невалидно?

Тоа е како да купите кола и ако ја изгребете на браникот да ја фрлите на буниште?!

ПА КАДЕ Е ТУКА ЛОГИКАТА?!

Сјо произведе во најмала рака конфискација на 20 милиона евра од Сеад Кочан, со самото тоа тие ги вратија сите пари и фатија еден голем сом.

Да не збориме што Грујо призна дека е криминалец и избега како скот во гепек.

Има тамо серија на сериозни истраги кои се пред крај. Па погледнете како се разголува Сашо Мијалков во Тврдина.

Погледнете ја драмата на Миле ми текна, тоа малку ли е?

Зошто сите новинари побрза да го закопаат СЈО три метре под земја?

Има ли новинар во земјава што не е на платен список на олигархот Орце Камчев?!

Има ли овој народ новинари кои ќе работат во нивен интерес побогу?!?!

Дали многу газди на меидуми насетија дека единствен начин како може да му наштетат на Заев е да го утепаат СЈО, па сега овие атаци кон СЈО се начин како да му се одмаздат на Заев за икс причини, па Орце Камчев и ВМРО ДПМНЕ се во колатерална добивка?!

Ќе дознаеме овие денови.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија