ПАПАПАПА: САМО 10 ДЕНА ОТКАКО ДОЈДЕ НА ВЛАСТ, НЕА ДЕМОКРАТИЈА СЕГА ТВРДИ ДЕКА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Е ДОБАР ЗА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ, ИАКО 7 МЕСЕЦИ ВОДЕА ВОЈНА ПРОТИВ НЕГО И ДОЈДОА НА ВЛАСТ СО ВЕТУВАЊЕ ДЕКА ЌЕ ГО РЕВИДИРААТ!!!

Објавено на 18.07.2019 во 12:30:37 часот | Македонија

амо десет дена по изборите, политиката на владата на СИРИЗА во врска со Договорот од Преспа е сосема оправдана, коментираат од грчката опозициска партија по ставовите на министрите од владата на Нова демократија во врска со договорот, изразени за време на вчерашната панел дискусија на конференцијата на „Економист“, на која учествуваше и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров, јави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА, на Нова демократија ѝ посакуваат „среќно враќање во реалноста и на цврстата национална позиција во надворешната политика на земјата“.

-Седум месеци Нова демократија и господинот Мицотакис се препуштија на неверојатен квази-патриотизам, поттикнувајќи ги национализмот и радикално десничарските теории на заговор за да уловат гласови од радикалната десница. Отидоа толку далеку дури и да говорат за размена за некратењето на пензиите со потпишување на Договорот од Преспа. Само десет дена по изборите, политиката на владата на СИРИЗА во врска со Договорот од Преспа е сосема оправдана. Сега, министрите од НД говорат за „корисни начини на соработка за двете страни“ (Варвициотис) и за „една подобра иднина за двете земји“ (Панајотопулос), соопштуваат од СИРИЗА.

Соопштението се однесува на обраќањата на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Милтиадис Варвициотис и на министерот за одбрана, Никос Панајотопулос.

За истите ставови, преку неговиот официјален Твитер профил реагираше и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас.

-Драго ми е што Договорот од Преспа започна да и се допаѓа на Нова демократија. Но, бидејќи ме нарекоа предавник, добив 1100 писма+ стотици заканувачки телефонски повици, куршуми и секаков вид на муниција, дури и противвоздушна, кеси полни со крв, прашувам, можеби ви преостанува и едно извини?, напиша Коѕијас на Твитер, јави дописничката на МИА од Атина.

ајавениот притисок врз Северна Македонија од страна на новата грчка Влада на премиерот Кирјакос Мицотакис ќе зависи од тоа колку ќе и дозволат НАТО и ЕУ, имајќи предвид дека двете алијанси сакаат брз и непречен прием на земјата, оценува американскиот аналитичар Џек Далгариан во авторски текст за „Неоскосмос“.

Далгариан во анализата под наслов „Што може да очекува Америка од надворешната политика на новата грчка Влада“, наведува дека со Преспанскиот договор Атина стави крај на „за многумина странци тривијалниот спор со Скопје“ околу Македонија, име и територија што беа од централно значење за грчкиот национализам уште од формирањето на современата грчка национална држава.

Авторот на текстот потсетува дека по победата на неодамнешните избори, Мицотакис најави дека ќе го почитува Преспанскиот договор, но дека ќе врши притисок врз Скопје околу употребата на терминот „македонски“ во културата, јазикот и производите.

– Но, притисок што ќе може да го употреби е ограничен на тоа што ќе му го дозволат НАТО и ЕУ, кои сакаат брзо и непречено да ја вклучат Северна Македонија во двата сојузи, наведува Далгариан.

Според авторот, иако жителите во северна Грција во големо мнозинство на изборите гласаа за неговата Нова Демократија незадоволни од решавањето на прашањето со името со Скопје, Мицотакис знае дека неговата популарност во иднина апсолутно ќе зависи од тоа дали ќе успее да обезбеди економски раст на земјата.

Дулгариан дипломирал на Факултетот за владини и јавни политики на Универзитетот во Аризона. Тој е автор на независно истражување за надворешните политики и стратегии на политичките партии во Грција, а работел и во хуманитарни организации за помош на бегалците во Атина.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет