ДЕМАНТ НА СДСМ ДО ПОРТАЛОТ НА ИВОНА И ЛАТАС: Целосно ги демантираме тврдењата дека Бојан Јовановски ја финансирал кампањата на градоначалникот на Општина Карпош и член на Извршен одбор на СДСМ, Стефан Богоев

Објавено на 19.07.2019 во 16:17:12 часот | Македонија

 

Соопштение за јавност - писмена реакција на СДСМ на текст на порталот “Вечер" 

Целосно ги демантираме тврдењата дека Бојан Јовановски ја финансирал кампањата на градоначалникот на Општина Карпош и член на Извршен одбор на СДСМ, Стефан Богоев.

Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ, во кампањата за локални избори 2017 година, за сите кандидати за градоначалници на СДСМ, вклучително и за Стефан Богоев има склучено договори за закуп на билборди.

Плаќањата за закупените билборди се извршени преку Наменеската сметка за локални избори 2017 година.

Лага е дека се плаќало на луѓето кои работеле во кампањата за Стефан Богоев. Во кампањата на Богоев, но и во кампањите на сите други кандидати за градоначалници, на волонтерска основа делуваат активистите и членовите на СДСМ и коалициските партнери.

Не се плаќало ниту за дневници, ниту за други трошоци.

Сериозна лага е веста дека се купувале гласови во Нерези и Злокуќани!

Заврши времето кога се вршеше поткуп за глас или се уценуваше со присуство на митинг за да се задржи работното место.

Во текстот на „Вечер“ нема ниту еден конкретен доказ и аргумент.

Лажните вести најдобро говорат за ВМРО-ДПМНЕ и за квази новинарите, кои немаат храброст да се потпишат зад текстот.

Лажните текстови се рефлексија на фактот што во Карпош повеќе нема соработка меѓу градоначалникот и градежната урбана мафија, туку законот важи подеднакво за сите инвеститори.

Општина Карпош денеска е меѓу водечките локални самоуправи, а Богоев е меѓу градоначалниците во кои граѓаните имаат најголема доверба.

 

Со почит,

Скопје, 19 јули 2019

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет