ЦРН ДЕН ЗА МАФИЈАТА И ВМРО ДПМНЕ, НЕМА ДА СЕ СПАСАТ ОД ПРАВДАТА: Владата предлага нов закон, нема веќе СЈО туку Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, ќе го води Русковска, ќе ги преземат сите истраги и судски процеси кои се во тек!!!

Објавено на 19.07.2019 во 16:48:57 часот | Македонија

Премиерот Зоран Заев на прес конференција објави дека Владата до Собранието ќе предложи нов закон за јавно обвинителство според кој СЈО престанува да постои а се формира ново кое ќе се вика Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Како што најави Заев, според предлогот, новото обвинителство ќе биде во рамки на ОЈО а ќе го води сегашната шефица на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,
Вилма Русковска.

Како што кажа, сите предмети, материјали, целата архива и вработени од СЈО ќе преминат во новото обвинителство, а обвинителите ќе може да се пријават на конкурсот за новото обвинителство, со оглед на тоа што мандатот во СЈО им завршува на 15 септември. Новото обвинителство ќе ги застапува и сите предмети пред судовите.

На прашање на Фокус, Русковска вели дека сѐ уште е прерано за било каков коментар.

-Кога ќе биде усвоен Законот, тогаш би можела да кажам став. Вака е беспредметно, бидејќи може законот да претрпи измени, вели Русковска за „Фокус“, која додава дека изјавата на премиерот Заев ја не ја слушнала во целост, бидејќи била затекната додека работела.

Обвинителката Русковска сепак се согласува дека тоа што премиерот Заев ја предлага токму неа, е чест за неа, бидејќи е признание за нејзината досегашна работа.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет