ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Од декември 2018 година почна со работа Дневната Болница во Здравствениот дом во градот Ресен, прва од овој вид во здравствените домови ширум државата

Објавено на 19.07.2019 во 17:23:02 часот | Македонија

Здравствениот Дом во Ресен е одлично организиран, пациентите во секое време ја имаат потребната здравствена заштита, а преку вработувања на медицински кадар и зголемувања на плати на вработените се грижиме тие да бидат мотивирани и успешни во својата работа. Задоволен сум што добро функционира Дневната болница, како нова услуга од декември 2018 година и прва од овој вид во здравствените домови.

Досега, 1700 пациенти ја посетиле болницата и граѓаните се задоволни, затоа што не мора да се упатуваат во блиските болнички установи во Охрид, Битола и Отешево.

Граѓаните добиваат навремена и квалитетна здравствена заштита најблиску до домот.

Одлично функционира мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита во општина Ресен и околните места. За шест месеци реализирани се 472 посети.

Светската здравствена организација ги оцени интегрираните услуги за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет