МАКТЕЛ ДОЈДЕ ДО КРУНСКИОТ ДОКАЗ КОЈ ЈА ПОВРЗУВА АФЕРАТА РЕКЕТ СО ВЛАСТА, СЕ ОЧЕКУВА ОСТАВКА НА ПРЕМИЕРОТ УТРЕ САБАЈЛЕ!

Објавено на 19.07.2019 во 17:32:07 часот | Македонија

Постои видео кое е доставено до ОЈО на кое се гледа како Катица Јанева пазари во Тинекс и во крошната е забележана тегла ајвар од струмички бренд близок со Заеви.

Ова е крунски доказ дека Јанева е во мрсна сочна врска со Заеви со што очигледно е дека СДСМ, министрите од владата се опариле од рекетот.

Ова е доказ и зашто Катица е дебела и мора да иде на операција, али тоа е друга тема.

Инаку Мактел дознава дека траги од посочениот сомнителен ајвар со криминално добар вкус се забележани на многу од документацијата од Империја, па сега сите папири ќе се дадат на ДНК вештачење за да се види дали тоа може да биде причина да се укине истрагата ИМПЕРИЈА затоа што целата истрага е компромитирана, односно АЈВАРОСАНА!

Со толку многу ајвар од струмички бренд близок до Заеви на документите, како може јавноста да верува дека процесот ќе биде објективен и реален?!

Кутар Орце Камчев, поштено со десет прсте си ги заработи тие над 100 милиона евра богатство и сега некој го малтретира го мести на правдина сака да го уништи човекот?!

А тек има само 50 години, да не му застанеа на патот клетите комуњари, до 100-ка ќе беше прв у Европа со богатство?!

Ова е очигледно масло на Сорос, не сака овој да му го земе тронот на најбогат милијардер во светот?!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет