ЗАЕВ: ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД РАБОТАТА НА СЈО, 18 ПРЕДМЕТИ КОИ СЕ ВО СУДСКА ПОСТАПКА ОД КОИ ДЕЛ СО ПРАВОСИЛНИ ПРЕСУДИ И ЗАПЛЕНЕТА ГОЛЕМА СУМА НА ПАРИ, ЌЕ ОСТАВАМ НА СУДОВИТЕ ДА ЦЕНАТ ШТО ЌЕ БИДЕ СО ИСТРАГИТЕ ПОКРЕНАТИ ПО СПОРНИОТ ДАТУМ НА КОЈ ПОСОЧИ ВРХОВЕН СУД!

Објавено на 19.07.2019 во 17:52:24 часот | Македонија

- Освен тоа има и створен голем капацитет за ловење крупен криминал, сега на мета ќе биде оваа власт и тоа е во интерес на граѓаните. СЈО даде многу за земјата и ќе продолжи да дава во нов облик во рамките на ОЈО!

Премиерот Заев на одговор на новинарско прашање дали ќе понесе одговорност за слабите резултати од СЈО. На прашањето пак што ќе биде со истрагите и обвиненијата покренати после датумот оспорен од Врховен Суд, премиерот рече дека ќе остави за тоа да решат судовите, тој нема да се меша во тоа.

- Наша цел како политичари беше да направиме рамка како независно да си работат обвинителствата и судовите, а поединечно нема да се мешаме за одредени процеси и истраги, тоа судиите нека си носат одлуки на база на докази и закони.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет