ГЕНИЈАЛНА ИДЕЈА НА ФИЛИПЧЕ: Го решаваме деценискиот проблем со Центарот за зависности во Кисела Вода. Во тек се подготовки за дисперзија на дел од пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција од зависности во овој центар

Објавено на 19.07.2019 во 18:30:51 часот | Македонија

Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе бидат распределени согласно општината во која живеат и според локациите на кои ќе бидат пунктовите.

Дисперзијата ќе следи во општинските пунктови кои се наоѓаат во поликлиниките „Јане Сандански“, во населба Ченто и Бардовци и во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Карпош.

Сметаме дека во интерес на пациентите е поддршката од лекарите да ја имаат во пункт во својата општина или општината која е најблиску до локацијата на која се наоѓа пунктот.

Во овие пунктови, пациентите ќе добиваат метадонска терапија, додека проценката за промена на терапија ќе ја прави психијатарот кој е одговорен за пациентот и истиот ќе утврди колку пати неделно пациентот треба да ја зема терапијата.

Со оглед на тоа дека во пунктовите ќе бидат третирани околу 120 пациенти, кои се дел од програмата за лекување и третман, веќе нема да се создава метеж околу пунктовите и ќе се зајакне контролата на целиот процес.

На лекарите, исто така ќе им биде олеснета работата бидејќи ќе имаат помал број на пациенти. Распределувањето на психијатрите е во рамки на внатрешната организација на јавната здравствена установа во која се вработени и во која ја извршуваат здравствената дејност во однос на лекување на зависностите, а тоа е Психијатриска болница–Скопје.

Во тек се административните подготовки на пунктовите кои се веќе просторно опремени. Штом завршат овие подготовки, пунктовите веднаш ќе бидат пуштени во функција.

Ниту еден пациент не смее да биде дискриминиран по ниту еден основ, наша обврска е да се грижиме за секој пациент подеднакво. Едно од основните човекови, загарантирани права е да добие здравствена заштита. Секој има право на достапна и квалитетна здравствена заштита и услуга.

Дисперзијата е системско решение кое Министерството за здравство успеа да го реши во полза, пред сѐ на пациентите, потоа и на сите граѓани во земјава. Ваквите процеси треба да бидат поддржани од сите нас, само така ќе напредуваме, нема потреба од стигми и стравови. Целиот процес на лекување на овие пациенти ќе биде строго контролиран, а во него, покрај здравствените работници ќе бидат вклучени и сектори од други министерства, невладиниот сектор кој работи со оваа целна група на лица, но и семејствата на пациентите.

Силно веруваме дека овој процес на дисперзија од Кисела Вода во другите општини на овие пациенти е во интерес на заедницата, на напредок на здравствениот систем и соодветен третман на пациентите.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет