Најголемата трагедија со Боки 13-ка е што беше толку многу блиску да ги симне од тронот Сител и Канал 5, најголемото зло во моментов но и сите изминати 20 години во земјава!

Објавено на 20.07.2019 во 03:42:16 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Боки 13-ка е пичкин дим спореден со Ѕинго и Стојменови.

Што направи Боки? Рекетираше мафијаш! Притоа на 1 ТВ имаше само еден гаф, тоа е оној несмасен напад кон Азманов.

Што направија Ѕинго и Стојменови? 10 години помагаа мафија и режим за што се омрсија со околу 50 милиона евра народни пари.

Притоа исфрлија милиони кубици отров, омраза, црна пропаганда, национализам, шовинизам, гадости, лаги, манипулации, кич... Последиците ќе се чувствуваат наредните 100 години затоа што една цела генерација израснала со таа брутална пропаганда и невкус!

И ден денеска, Канал 5 и Сител се најголемото зло во земјава, ѕверови кои спијат во пештера и чекаат добра клима кога пак ќе рикаат и ќе ждерат.

И ние сите се правиме дека овие ѕверови не се тука, мислиме дека вечно ќе спијат?!

А Боки 13-ка беше баш на добар пат да ги турне од тронот овие ламји.

Имаше одлична екипа, одлични услови за работа, одличен брендинг, јаки гости, се беше добро наштелувано.

Освен една работа. Болната, психопатска потреба на Боки за многу многу пари!!! 

Не можеше да чека парите да дојдат од телевизијата, сакаше да го убрза процесот.

И притоа ја еба целата работа и 1 ТВ и СЈО па дури за малце ќе го вратеше и ВМРО!

Боки 13-ка е како дете кое сака светлечки прачки ама не сака да чека татко му да земе плата па да отиде во нуклеарна централа и да притисне на тие копчињата и да направи нуклеарна катастрофа! И све да отиде у лепу пизду материну!

А да почекаше некоја година, тие пари што сега ги зел од Камчев ќе му доаѓаа сами преку маркетинг секторот во 1 ТВ.

Но желбата за сега за одма за многу кај него беше и е како силна дрога која му го пржи мозокот и не мисли за последиците.

Ми беше едно време многу сомнителен но вербата во него од страна на Ацо Кабранов и Ордановски ми даваше сепак надеж дека можеби има во Боки нешто вредно.

Капацитетот да изменаџираш 100 души и да им поделиш плати секој месец е за голем респект, се повеќе ми растеше ведбата во него како 1 ТВ растеше како бренд.

Стварно посакував да успее и да стане број 1. Мислев дека тоа некако ќе им помогне и на ТВ 24 и Телма.

Мислев дека сепак ако некој може да ги победи Сител и Канал 5 тоа е шоуменот Боки 13-ка.

Но исто така заборавив дека ако некој може да ја сјебе работата епски и колосално, тоа е исто така само Боки 13-ка.

И за жал се случи второто. Наместо Боки да застане пред камера и да го искористиме неговото лудо и откачено, тој фати да менаџира и тоа луди и откачено ја сјеба целата приказна.

Штета. На моменти ме фаќа таква параноја што дури почнувам да мислам дека Боки можеби свесно го направи сето ова. Свесно со пари од Камчев ја направи 1 ТВ за да се зближи со СДСМ и СЈО и новинарските бардови за да ги уништи сите а за возврат да живее на висока нога.

Од тоа најголема корист имаат ВМРО ДПМНЕ и мафијата и можеби тие решија да го искористат.

Но можеби само претерувам со паранојата. Да видиме што ќе каже истрагата од ЈО.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија