Русковска: Се уште не е најден вториот телефон на Катица Јанева, тој што е најден се вештачи и во понеделник ќе ги имаме резултатите

Објавено на 20.07.2019 во 13:00:20 часот | Македонија

 
Јавната обвинителка Вилма Русковска во вчерашното гостување на радио Канал 77 рече дека вториот мобилен телефон на Катица Јанева не е пронајден.

-Од страна на ОЈО не е побара посебна истражна мерка за Катица Јанева. Не ја следиме, а дали некој друг ја следи… Не сум се видела со Катица Јанева. Еден телефон е најден, вториот телефон се уште не е најден. Има наредба за вештачење на одземениот телефон, кое верувам дека до понеделник ќе биде завршено, рече Русковска.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет