Голема посетеност на втората фестивалска вечер од Пиво фест

Објавено на 20.07.2019 во 13:03:13 часот | Македонија

Сите патишта за љубителите на ладното пиво, вкусната скара и убавата музика, синоќа водеа кон Прилеп. Огромен број на граѓани од сите градови на нашата земја, дојдоа во градот под Марковите кули за да бидат дел од годинешното 17-то издание на „Пиво фест 2019“. Синоќа свои настапи имаа Светлана Ражњатовиќ – Цеца, Миле Кузманоски, Ален Хасановиќ и составот Кантурови.

Забавата беше збогатена со музичката понуда од алтернативната сцена, односно Камената бина. Посетителите на годинешното издание на Пиво фест, вечерва ќе уживаат во настапите на The Hounds, Влатко Стефаноски Трио, групата Фрајле и Нокаут.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет