Премиере продолжи да бидеш боксерска вреќа на теми однос со соседи и малцинства, остај ги тие што те мразат нека врескаат до небо, знам што сакаш да постигнеш

Објавено на 22.07.2019 во 10:15:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Премиерот процени дека сега кога десничарската националистичка Неа Демократија се враќа на власт, не ќе е лошо да даде интервју за грчка телевизија во кое малку ќе ја одоброволи грчката јавност која со гласањето за Неа Демократија покажува извесна лутина за договорот од Преспа.

Со тоа што ќе ја малку омекне грчката јавност, Заев сака да му направи пат на Кирјакос Мицотакис да може да ретерира по прашањето на договорот од Преспа без притоа да падне од власт.

И ова интервју сигурно е договорено и со Димитров и со амбасадорката Брнс која доаѓа токму по 4 години мандат во Атина. Договорено е интервјуто сигурен сум и со самиот Мицотакис.

Но тоа не може да го разберат нашите кретени умислени кои го мразат Заев од дното на душата па фрлаат со дрва и камења по него, бил сељак, простак, ваков таков...

Издржи премиере, биди и понатаму боксерска вреќа на овие теми. Што повеќе те критикуваат за овие прашања, толку поголеми се исчекорите за доброто на земјата.

Да беше лесно, досега политичарите тоа ќе го направеа, но требаше некој со мадиња.

Знам што правиш, ти сакаш на долг рок Северна Македонија и Грција да бидат блиски соседи без никаквио искри или сопки, за да може нашата држава да има повеќе корист од огромната грчка економија, сакаш малку тие милијарди евра да се прелеат преку границата и нашата држава да живне економски, да се доближиме до платите во Грција кои се над 1000е во просек.

Отворените граници и безбедната ситуација и решените прашања со релативно ниските плати и добрата работлива и писмена работна рака ќе бидат магнет за странски инвестиции и се очекува наредните 10 години  во земјава да дојат над 10 милијарди евра странски инвестиции што во нови фабрики што во откупи на берзата со разни инвестициски фондови.

И Заев и Кочо тоа добро го знаат и го очекуваат, штета што некои мудросерци тоа не можат да го увидат, заслепени се од личната омраза кон Муртинецот.

Но тоа е тоа, во демократија, не може сите да се сакаме, дозволено е да има и омраза и различни мислења и гледишта.

Ќе не биде, што би рекол Димитров, нема друго, мора да не биде!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија