(ВИДЕО) Почна изградбата на Индустриската зона „Мамутчево“, близу Велес

Објавено на 22.07.2019 во 22:24:35 часот | Македонија

Foto

Почна изградбата на Индустриската зона „Мамутчево“, близу Велес. Иако беше најавена уште пред четири години, градежните работи од првата фаза почнаа деновиве.

Од општина Велес велат дека за две недели ќе се заврши изградбата на базенот кој треба да ги снабдува со вода фабриките во зоната. Веднаш потоа ќе се гради и цевководот, со што значаен дел од инфраструктурата ќе биде готов.

Во Индустриската зона „Мамутчево“ се предвидени капацитети од лесна и незагадувачка индустрија. Таа треба да ја раздвижи економијата на Велес, но и на соседните општини.

Инвестицијата во двете фази изнесува околу 340.000 евра, од кои општина Велес обезбедува една третина од парите. Остатокот го инвестира Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. 

Министерот Горан Милевски кој ја посети новата индустриска зона, вели дека градоначалниците мораат многу повеќе да размислуваат и на инвестиции во економскиот развој на своите општини.

Индустриската зона „Мамутчево“ е трета и најголема на територијата на општина Велес. Во првите две, „Речани 2“ и „Караслари“ се продадени сите парцели, а најголем инвеститор е гигантот во автомобилската индустрија, германски „Маркард“ кој отвори неколку стотини работни места.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет