Апостолска: Не потрошивме денар на лопати и панделки, а 30 компании влегоа во нови инвестиции

Објавено на 23.07.2019 во 11:48:09 часот | Македонија

Ставила свој потпис со три странски инвеститори, а годинава  очекува финализација на разговорите со  уште најмалку толку странски компании. Зорица Апостолска, министерка без ресор задожена за привлекување странски инвестиции влезе во Владата на Зоран Заев уште на почетокот. Сега ја преживеа реконструкцијата и вели дека ќе остане фокусирана на  промоција и спроведување на политиките поврзани со странските инвестиции. – пишува порталот Фактор.

Апостолска: Откако сум на оваа позиција, како министер во изминатиот период кокретно имам потпишано два договори и еден анкес на договор со странски компании. Овде ќе ја споменам германската компанија „ВИК“ во Прилеп, за производство на електрични апарати за употреаба во домаќинствата, чија инвестиција согласно проекциите треба да достигне вредност од околу 12 милиони евра и да отвори околу 1000 нови работни места, потоа компанијата „Теламон“ од САД лоцирана во Скопје, за производство на електрични кабли наменети за автомобилската индустрија, во чиј бизнис план се предидува инвестицијата да достигне 11 милиони евра и да се вработат најмлаку 830 лица. Тука е руската „Кранфилд“ во Пробиштип, со која потпишав Анек на Договорот за државна помош, со што првично планирната инвестиција од 15 милиони евра се зголеми на 20 милиони евра, со отворање на 280 работни места.

Кога се прават проценки за динамиката и успешноста во привлекувањето на странски инвестици, би сакала да  појаснам дека тоа претставува еден долг и комплексен процес, така што од почетниот контакт со инвеститорот па се до донесувањето на конечната одлука за инвестирање, разговорите може  да се водат и повеќе од една година

Апостолска вие станавте министер со изборот на Владата на Зоран Заев и сте на позицијата министер без ресор за привлекување странски инвестиции. Често, не само вие, се зборува за нивото на странски инвестиции. Каков е квалитетот на овие странски инвестиции и кој е нивниот импакт за македонската економија?

Апостолска: Ова е тема која е многу често во фокусот на јавноста и предмет на коментари од страна на опозицијата, што само по себе зборува за суштинското значење кое странските инвестиции го имаат за економијата.

Целото интервју со Апостолска прочитајте го на следниов ЛИНК.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет