РАСЧИСТЕНА И ОВАА ЗБРКА: Катица Јанева имала 3 телефона, едниот и е одземен, вториот е изгубен во Белград, третиот прво бил даден на девојката на нејзиниот син која работи во СЈО која го подарила на сестра и!

Објавено на 23.07.2019 во 15:36:47 часот | Македонија

Телефонот на Катица Јанева по кој трагаше обвинителството и за кој изутрината извести дека е обезбеден, бил пронајден кај сестра на девојката на Лазар Јанев, син на специјалната обвинителка, дознава „360 Степени”. Телефонскиот апарат, сопственост на СЈО, пред извесно време бил деактивиран, а подоцна даден на користење на лицето кај кое е лоциран.

„360 Степени“ дознава дека Јанева имала и трет телефон, кој синот Лазар го изгубил во Белград. Според изворите на „360 Степени“, тој апарат најверојатно никогаш не го користела. Инаку, девојката на Лазар Јанев е работно ангажирана во СЈО.

За ова извести Обвинителството преку соопштение што ви го пренесуваме во целост:

„По дадени насоки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден е пронајден вториот мобилен телефон на јавниот обвинител по кој се трагаше.

По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон бил изгубен.

Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет ги преземеа сите дејствија и мерки во насока на целосно расчистување на кривично правниот предмет. Со цел утврдување на натамошни факти, мобилниот телефон по наредба на обвинителството ќе биде предмет на вештачење. Истовремено, обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет