ТРИЧКО ПО ПРЕСОТ НА КАТИЦА: Пропадна уште еден антидржавен удар на вмро!!!

Објавено на 23.07.2019 во 16:21:11 часот | Македонија

Пропадна уште еден антидржавен удар на вмро!

Цунамито на новиот антидржавен удар на вмроните, герономите и другите злотвори, фино сервисиран од страна на тајните служби оттука до Мелмак, полека но сигурно ја губи силата до нивото кое овозможува да заклучиме дека уште еден обид на вмро-дпмне против Македонија, доживеа неуспех. 

Последиците не се мали, но мисијата за ликвидација на државата катастрофира развлечена во неподносливо банализирачката хистерија на широките народни маси, во отсуството на цврсти аргументи и во разголената злоба и зло на главните актери и на народот.
Рекетот и корупцијата се една работа, друга работа е кога државата не се користи во битката против корупцијата, туку корупцијата се користи за битка против државата.

Пресот на Катица Јанева јас го разбирам како елемент на издувување на надуваниот балон што требаше да експлодира како атомските бомби во структурата на кометата што леташе кон земјата во филмот “Големиот удар”. Со стоп за датумот за преговорите со ЕУ, со институционален слом, со перцепциски крах, уличен бунт или предвремени избори како последен клинец во мртовечкиот сандак на Македонија.

Катица е виновна по тоа што низ отсуството на безбедносни механизми околу својата пречувствителна и преважна функција, дозволила да влезе во компромитирачки филмови, сценарија и операции, на начин кој нема да може да ја рехабилитира дури и ако се покаже дека нема земено ниту евро или дека во материјална смисла е сосема невина. Особено што овие акции на злото можеа да се претпостават и најособено затоа што нападите на нејзините позиции, тоа е повеќе од очигледно, не се напади само врз неа, туку се пред се напади врз основите на организираниот живот во Македонија, врз државата, врз државниот поредок, врз општеството.
Мислам дека и е јасна таа работа.

Изјавата и беше добро конципирана: ниту свесно ниту несвесно не направила ништо за што се обвинува, нека слободната и професионална истрага реши што било и што не било. Макар што не знам врз основа на што тврди дека и несвесно не направила ништо лошо.
Беше возбудена и ми се стори подуплашена, но стегната и концентрирана, речиси во апсолутен склад со околностите во кои се најде. За миг ми се вратија старите симпатии, но само како потврда колку се силни изворите на моите разочарувања.

Клучно е тоа што врз основа на сите собрани материјали, вклучувајки го и пресот на Јанева, Центарот за тревожење ја известува јавноста дека пропадна уште еден удар врз Македоника. Од Центарот додаваат дека не знаат кога ќе биде следниот, но знаат дека и тој ќе биде неуспешен. Од говњари и други смрдливи злотвори, што друго може да се очекува.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет