(ВИДЕО) БРАВО: Целосна реконструкција на патот Тетово-Попова Шапка во должина од 18 км. Инвестиција во патната инфраструктура вредна 2,3 милиони еврa!

Објавено на 23.07.2019 во 17:27:33 часот | Македонија

Денес, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЈП за државни претпријатија Зоран Китанов направивме увид во работите околу реконструкцијата на патот до Попова Шапка.

Овој патен правец е од исклучителна важност за развојот на туризмот не само за Тетово туку и за целата држава.

Владата и општина Тетово интензивно соработуваат и веќе се работи на проекти за реконструкција на голем број патни правци.
Со взаемна подршка веќе интензивно се реализира и денцентрализацијата како партнерство на општините и Владата .

Инаку реконструкцијата на овој патен правец со вкупна должина од 18 км. чини 2.3 милиони евра.
Општина Тетово веќе има конкурирано со проекти за изградба на внатрешни патишта за Попова Шапка за средства од Светска банка и ИПА фондовите и првата фаза ќе биде прифатена , а е вредна 1.5 милиони евра.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет