РЕПОРТ: КАКО ВЕЧЕРВА ЗА МАЛКУ ЌЕ ЗАВРШЕВ ВО ЗАТВОР ЗАТОА ШТО МЕ ПЛУКНА УРЕДНИК НА КАНАЛ 5 ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Објавено на 24.07.2019 во 00:12:24 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Вечерва околу 22 часот си одам јас, син ми и кучето така накај центарот на градот и поминавме кај терасата на кафулето Манда.

Имаше точаци мотори и решивме да скратиме и дирек преки терасата. На висока маса на ќошот заедно со двајца други кои не ги познав седеше уредникот на Канал 5, Гоце Михајловски кој ме забележа, ни се сретнаа погледите, и таман кога поминував покрај него слушнав плукање и почувствував влага по нозете.

Сфатив дека овој решил да ме исплука у сред град додека сум со моето дете и куче?!?! Леле која дрскост, ми се стемни, ми се споија жиците, но некако пак успеав да се воздржам да не се враќам да се расправам, не знам како ќе завршеше тоа и за двајцата, немаше да биде добро...

По пат му се јавив на претседателот на ЗНМ, напишав фб статус во кој ја изразив лутината од таа дрскост и провокација и се заканив дека ако некој пак така ме нападне ќе добие жестока реакција од мене пошто веќе ми е преку глава од вакви перверзии, го однесов синот во Кисела Вода и после се вратив во Беко да пријавам за случајот.

Еве го фб статусот кој после ќе се покаже како многу проблематичен:

Одам во Беко и ми велат почекај. Слушам еден познат звук од собата за прием на странки, кога тоа Гоце Михајловски дошол пред мене?!?! 

Слушам како му се жали на полицаецот дека во Канал 5 сите биле уплашени за својата безбедност, се плашеле дека ќе одам сите да ги убивам?!?! И бараа да одам во затвор?!?!

Полицаецот дури отиде да се советува со дежурен обвинител и чекав цел саат за да видат дали треба да идам во затвор?!?!

ЕЈ човече, плукнат, па уште и во затвор ќе одам затоа што сум се пожалил?!?!

Ок, си отиде Гоце, дојде ред на мене. Полицаецот ми вика, знам зошто си тука, он призна дека те плукнал, дури има и видео од плукањето?!?!

Како бе признал, епа тогаш кај е проблемот?!

Епа, ми вика полицаецот, он баш тогаш му дошло да плукне, и ти си се погодил баш тука, не е он крив ништо, ти лошо си го разбрал тоа како навреда?!?!

КАКО БЕ ШЕФЕ?!?!

А тоа што ти после си му се заканувал е блиску до кривично дело и ја сега морам да те предупредам друг пат да не му се закануваш иначе ќе одоговараш?!?!

Чекај бе господине полицаец, па тој плукна накај мене?! Тоа дозволено ли е?

Епа да, ми вика он, ситница е ова, проблем е ако станел да те пцуе и да те плука дирек во фаца, вака што малку накај тебе плукнал не е ништо страшно, ако сакаш можеш да го тужиш на граѓански суд како навреда.

Лелеее, си одам накај дома и си мислам како за малце ќе отидев у затвор затоа што бев исплукан во сред град и се дрзнав да се пожалам за тоа и да искажам револт?!?!

Требаше да се вратам и да му кажам, фала ти Гоце што ме плукна, да не треба и носот да си го избришеш од мојата блуза или уште нешто, повели, твој сум вечерва?!?!

Какви се бе овие закони, какво е ова лудило?!?!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија