ДЕМАНТ И ИЗВИНУВАЊЕ ДО ОРЦЕ КАМЧЕВ ЗА СТОРИЈА НА МАКТЕЛ.МК

Објавено на 25.07.2019 во 16:42:50 часот | Македонија

Бизнисменот Орце Камчев преку својот адвокат Александар Михајловски побара од Мактел.мк да се извиниме и да повлечеме сторија во која пренесуваме тврдење на новинарот Миленко Неделковски, кој тврди дека Орце Камчев му дал 25 000е на новинарот Бранко Геровски за да пошува против Катица Јанева за што наводно постоела и видео снимка.

Бизнисменот Јордан Камчев преку адвокатот Михајловски тврди дека тоа не е точно и бара од Мактел.мк да се извини за таа пренесена изјава и да објавиме демант и да ја повлечеме сторијата.

Мактел.мк го пренесува овој демант и му се извинуваме на бизнисменот Јордан Камчев за оваа пренесена сторија. Во исто време и сторијата ќе биде повлечена од порталот.

Му се извинуваме и на новинарот Бранко Геровски кој е наклеветен со оваа пренесена сторија.

Им се извинуваме и на читателите на Мактел што сме ги довеле во заблуда, во иднина ќе се потрудиме ова да не се повторува, ќе внимаваме од какви извори пренесуваме информации.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет