ШТО НЕ Е ВО РЕД СО НАШЕТО ОПШТЕСТВО: Зошто наместо да го наградиме Зоран Заев за политичката храброст ние политички го убиваме?!

Објавено на 27.07.2019 во 14:15:13 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Не можам да ја разберам оваа масовна организирана хајка, овој широк фронт за политичка елиминација на Зоран Заев, од каде тоа?! Зошто?!

Па нели требаше да го наградиме човекот за неговата политичка храброст да ги реши поблемите со Грција и Бугарија?!

За тоа што конечно го затвори и рамковниот договор со законот за двојазичност.

Нели ние како јавност како новинари како критичари како експерти бизнис фела требаше да го наградиме за тоа? Ние сме фатиле да го убиваме?

Па какво општество е ова? 12 години се криевме како глувци во глувчешки дупки од паторот, сега за 2 години сме толку крволочно настроени и упорни да откинеме месо од Зоран Заев?

Па каков народ сме ние? Какво општество сме ние?

Што држава е ова, каква е оваа политичка шизофренија и лудило?!

Ми се гади оваа земја и од ова општество...

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија