ВИДЕО: Груевски на Мечкин Камен ја испеа химната во целост, со строфата за Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански

Објавено на 02.08.2019 во 13:43:31 часот | Македонија

Оперскиот пејач Влатко Груевски ја испеа државната химна на прославата на Илинден на Мечкин Камен во Крушево, непосредно пред обраќањето на премиерот Зоран Заев.

Химната беше испеана во целост, заедно со строфата:

Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!

Овие стихови предизвикаа бура од реакции во јавноста откако пејачката Тамара Тодевска на прославата на националниот празник 4 јули – Денот на независноста на САД во американската мабасада во Скопје, испеа нова верзија на химната без оваа строфа.

За ова реагираше и пејачката, како и организаторот Американската амбасада, велејќи дека се работело за ненамерен пропуст, односно како што рече пејачката, понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставила дел од химната.

Сепак, во дел од јавноста ова беше протолкувано како обид за менување на химната и изоставување на историските личности од неа.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет