КОШМАР ЗА МАФИЈАТА И ВМРО ДПМНЕ: Аферата РЕКЕТ наместо да го политички убие Заев, ќе го прочисти и засили?!

Објавено на 04.08.2019 во 01:30:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Политичарите владеат и паѓаат поради митови. Митови кои се градат со текот на времето, слој по слој се лепат за еден политичар во зависност од тоа како ги менаџира процесите.

Кај Груевски на пример, СДСМ упорно и темелно деноноќно креираше за него мит дека е диктатор, мафијаш, злобен нечесен бараба, суров лудак.

И тој мит живееше заедно со митот за Груевски кој го креираше самиот Груевски со својата моќна ПР машина.

Со бомбите на Заев, едниот од тие два мита пукна како меур од сапуница, остана само митот за Груевски кој го градеше СДСМ и се чини дури и тој митски ѕвер беше преблаг за тоа што го чувме во бомбите.

Груевскис ега е минато свршено време. Што правиме со Заев?

За Заев има еден мит кој ВМРО ДПМНЕ го креира веќе една декада, дека Заеви се лопови, мафијаши, предавници, диктатори, олош криминален одроднички...

И секако има и мит кој го креира самиот Заев, преку СДСМ, дека Заев е државник, хуман богаташ кој решил да потроши дел од своето богатство и дел од своето време за храбро да се бори за државата по цена и да загине за неа, на 27-ми април.

Кој мит ќе победи? Со аферата РЕКЕТ, еден од митовите е загрозен, или е Заев злобен мафијаш и измамник или е пак храбар ќесен државник и патриот.

Со тоа како се менаџира аферата, дури и од некои детали од самата истрага, Заев излегува херој, а не негативерн лик.

На пример, ако зад Боки 13-ка стоеле најблиските луѓе на Заев, зошто Камчев му го пријавил рекетот на Заев и зошто овој веднаш го пријавил случајот во ОЈО?!?!

Ако Камчев имал на ум дека е рекетиран од власта, тогаш немало да пријави кај шефот на таа власт?!

Ако Заев стоел зад тој рекет и ако верувал дека негови најблиски луѓе се вмешани, тогаш немало да ги пријави во ОЈО, ќе пробал некако да ги спаси и нив и себе?!

Од друга страна да ја видиме аферата РЕКЕТ, за колку пари збориме овде? Оние 8 милиони побарани од Камчев и оние земени од другите, вкупно збориме за 10-тина милиони евра.

Ова се големи пари секако, но сепак, нели е ова премалку за Заеви кои сега тежат околу 20 милиона евра?! Зарем би се брукале да губат власт со тоа што ќе рекетираат со еден Боки 13-ка?! Мислите на Заеви им дошло до тие 8 милиона на Камчев?!?! Па за нив тие пари се пи... дим!

Зарем ако Заев и СДСМ имаа намера да крадат и пљачкаат, зарем немаше да најдат некој поасален човек за тоа?! Зошто би го правеле тоа преку комичниот циркузант Боки?! Тоа нема логика!

И се што имаме досега е дека високи функционери на СДСМ се сликале со Боки и потпишале некои меморандуми?! Нема деокази дека заедно рекетирале, дека знаеле за рекетите на Боки, дека присуствувале на состаноци какде се рекетирало, ништо од тоа?!?!

Затоа велам дека аферата РЕКЕТ е всушност можност да се покаже дека се што има ВМРО ДПМНЕ против митот за Заев чесниот државник херој, е една афера со еден Боки кои успеал да измами 5-6 бизнисмени со некакви проекти за домови за старци и еден олигарх на кој му ветил помош од СЈО?!

Тоа е се што имаат за Заев?! Па каде се големите криминали?! Каде се рекетите од стотици милиони евра од тендери и други набавки и проекти, од продажбата на името?!?!

РЕКЕТ ќе го прочисти Заев и ќе му помогне, затоа што ќе го убие митот на ВМРО ДПМНЕ за Заев мафијашот, со што во реалноста ќе остане митот на СДСМ, Заев државникот, херојот, лидерот, патриотот, хуманиот богаташ кој реши да се жртвува себеси и своите пари за доброто на народот!

РЕКЕТ беше замислена како ракета која ќе го погоди Заев и ќе го ничкоса, но наместо тоа, таа ракета ќе го гурне Заев кон височините на македонската политика и ќе му даде уште еден мандат!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија