ДОЈДЕ РЕД И РУСИЈА ДА ПЛАТИ ЦЕНА ЗА ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ: Сибир се уште во пламен, пепелосани животинки и стотици градови обвиени во чад

Објавено на 04.08.2019 во 12:26:03 часот | Свет

Во последните 24 часа пожарникарите локализираа десетина пожари на териториja од 3.700 хектари во сибирската република Јакутија, но пожарите и понатаму беснеат поради што на терен е испратена и руската војска.

Според последните податоци на Владата во Русија пожарите зафатија површина од 1,2 милиони хектари.

Метеоролозите најавуваат дожд во дел од подрачјата зафатени со огнот, но не се очекуваат поројни дождови кои би ги изгасиле пожарите.

Стотина руски градови се наоѓаат под чад поради пожарите кои траат веќе со денови. Иако огнената стихија не зафати населени подрачја, сепак густиот чад навлезе во околу 800 населени места. Фауната на зафатените подрачја е речиси целосно уништена, а на социјалните мрежи се шират фотографии од пеполосани животинки.

Во гаснењето учествуваат 734 луѓе, а од вчера помога и војската со 10 авиони и 10 воени хеликоптери.

Вонредна состојба е прогласена во четири региони. Се претпоставува дека дел од пожарите започнале како удар од громтевици.

 

 

* реклами:

Свет

Македонија