Јани Макрадули: И со лажните вести се претера, за еден ден 17 лажни вести, за жал тука се вклучуваат и некои квази медиуми и невладини откако не им поминаа уцените...

Објавено на 04.08.2019 во 13:38:24 часот | Македонија

Претставници на владеачката партија СДСМ реагираат дека нивни приврзаници не скандирале „Северна, Северна!“ по директива на Мечкин Камен за време на прославата на Денот на репубиката во Крушево и информациите ги окарактеризираа како ажни вести креирани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Дпмне за 1 ден изгенерира 17 лажни вести. Ова е доказ за лажните 11 години но и предупредување каква гнасна кампања не очекува од нив во иднина. За жал тука се вклучуваат и некои квази медиуми и невладини откако не им поминаа уцените... Среќа мнозинството граѓани се определени за иднината, свесни за манипулациите и спремни да се изборат за подобра иднина..“, коментира Јани Макрадули, актуелниот земник-министер за животна средина.

Кратко на својот профил на Фејсбук реагирање и Љупчо Николовски, актуелниот генераен секретар на СДСМ.

„ДПМНЕ се претвори во фејк њус партија. Нема идеи, проекти, визија. Одбрана на криминал и лажни вести. Дно во политиката“, напиша поранешниот министер за земјоделие.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет