ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА СО БУГАРИЈА: Ве молам бидете со отворен ум, бидете прагматични, инвентивни, помогнете да се најде решение, се работи за судбината на 2 милиона народ кој се мачи со најниски плати во Европа!

Објавено на 05.08.2019 во 22:18:56 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Почитувани професори, ве молам да бидете со отворен ум и со воља да се најде решение. Ако се сака решение ќе се најде, ако се сака само да се бие битка до бескрај, тогаш нема да има решение.

Баталете црвени линии и слично, бидете прагматични, бидете инвентивни и храбри, не дозволувајте историјата да биде една голема кочница која ќе ја закочи оваа земја и ќе ја запусти.

Историјата е важна, но најдете формулации и решенија кои ќе и дадат иднина на оваа земја и овој народ.

Кога ќе одите на средбите пред очи нека ви бидат оние текстилни работнички кои рмбаат за 150 евра по македонските фабрики.

Илинденците сигурно не се бореле за тие така да се мачат, Илинденците не се бореле за оваа земја да се празни и деца да се раѓаат во Минхен и Базел туку тука во македонските градови и села.

Бидете одговорни господа историчари, договорете се, најдете решение, не бидете деца, детски и дилетантски е да не ја искористиме оваа шанса и од Бугарија наместо да направиме братски пријател и спонзор, да направиме од нив крвни непријатели кочничари и душмани.

Памет и визија во глава, храброст во срцето, издржете го јавниот притисок, најдете решение кое ќе биде подеднакво критикувано и во Скопје и во Софија, само така ќе одиме напред.

Ве молам помогнете му на овој напатен осиромашен народ со толку многу историја а толку малку денари на трансакциска и девизма сметка во банка...

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија