Затоа ли Геро бараше средба со премиерот Заев, за да му признае дека се било лага и да му се извини за тоа дека цел еден месец ја лажеше целата јавност?!

Објавено на 06.08.2019 во 10:21:58 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Затоа ли Геро бараше итна средба со премиерот Заев на почетокот на август?! За да му признае дека се било лага во неговите текстови за КИКИ и ФРИКИ и да му се извини што ја лажеше македонската јавност за да му наштети токму нему највеќе како лидер на СДСМ?!

Бидејќи судејќи по последниот текст на Плусинфо од денеска, излегува дека сиот бомбастичен материјал што тој го најавуваше за во август се сведува на тоа што сестрата на сопругот на Радмила Шеќеринска била дел од управниот одбор на Меѓународен Сојуз?! И толку?! Тоа е?!

Таа жена понатаму не се спомнува како учесник во рекетите, нити зела пари, нити учествувала на состаноци каде се договарале парцелите, ништо, само дала потпис на денот на формирањето на владината која била замислена како НВО за помош на бездомници и стари лица?! И тоа е големата бомба поради која Геро бараше средба со премиерот?!

Па самиот Геро дури признава дека и сите текстови за Кики и Фрики биле лага, самиот вели дека Кирацовски е невин а дека Ременски најверојатно била исто така само искористена и злоупотребена. Дури и самата афера РЕКЕТ тој ја означува за многу ситна и слаба но дека кренала галама поради славата на Боки 13-ка?!

ЕПА КАМО ИЗВИНИ ТОГАШ БЕ ГЕРО ЗА СЕТА ПАНИКА И ГАЛАМА ШТО ЈА КРЕНА?!?!

Не само што Кики и Фрики ги пере и чисти од лајната кои им ги залепи, туку веќе не ги ни споменува Раки - Рашковски, Жаки - Жарко Луковски и други за кои се залета да плете приказни за милиони евра.

Па дури и самите газди кои се оштетени признаваат дека не станува збор за рекет туку за прекршени договори и рокови па дури се спремни и понатаму да соработуваат на проектите за кои дале пари ако тие се реализираат?!?!

И КАДЕ Е ТУКА ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН КРИМИНАЛ КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ЈА СРУШИ ВЛАДАТА БЕ ГЕРО?!?!

Абе Геро ти или стварно си болен од Алцхајмер или стварно си опасен блефер и манипулант... Што мислеше ти дека премиерот ќе се уплаши и ќе го загриза твојот блеф и ќе ти клекне на колена да те моли да имаш милост кон власта?!?! Ти на таа ли карта играше, Заев да наседне на блефот и да го снимиш како те моли случајот да се заташка и со таа снимка после ќе ја рушевте владата?! Со тие ли бе вмровски финти?!

Фала ти премиере што не наседна и што не потклекна пред оваа медиска харанга која траеше еден месец со кој мафијата сакаше да се испазари со тебе, фала ти што не ги рецкаше два посто, тоа и го очекувавме од тебе!!!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија