Проблемот е што Геро мисли со рекетарски ум, за него нема добри и лоши дечки, туку дали му се блиски пријатели и дали нешто од нив може да измузе!

Објавено на 07.08.2019 во 22:07:32 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Погледнете ја последната колумна на Геровски, па таа е чист РЕКЕТАРСКИ УМ преточен го текст.

Што вели он за Пешевски? Дека му е лојален пријател, и толку! Нема тука анализа, ама чек Пешевски на снимките се слуша како крадел избори и местел тендери, знаеме дека беше втор-трет човек цела една декада во еден режим, со самото тоа него го прави спорен како човек како политичар како бизнисмен... Нема таква анализа од Геро, он го анализира Пешевски низ призмата, дали е со мене или против мене?!?!

Се сеќавате ли како цело време го амнестираше Орце Камчев од погромот на МПМ, затоа што знае дека кат-тад од Орце ќе може нешто да измузе, сепак човекот е милионер нели?

Таков му е и односот со Јанко Бурек, Трендо, Сашо Денесовски од Охрид, Ивона и слични такви рекетари и багра куртонска квази новинарска. Затоа што они со него решија да не влегуваат во војна и затоа Геро не ги пипа, дури се дружи со нив, им оди во емисии, они за него не се спорни како новинари како луѓе?!?!

Но затоа Саше Политико е најголемо зло во земјава, зошто? Затоа што решил да се рчка со Геровски и затоа Геровски ќе го означи за најголемо зло во земјава.

Така Геро ги проценува луѓето, дали се со него или се против него, нема за него други мерила, дури принципи морални етички човечки цивилизациски... Тој размислува со МАФИЈАШКИ РЕКЕТАРСКИ УМ каде што владее правилото на НЕ МЕ ПИПАЈ НЕ ТЕ ПИПАМ, или слепа лојалност по секоја цена, тоа се цени кај мафијата, дали ќе останеш верен и лојален до крај, не се цени дали си ѓубре, колку луѓе си убил, колку луѓе си опљачкал, каква свиња злобна си, не тоа е проблем на тие што ќе застанат на патот на тие гадови, мафијашите ги ценат луѓето само низ референтна точка на својот интерес - дали мене ќе ми наштетиш и дали ќе ми останеш верен.

Па така е и вечниот пакт на Геро со Владе Милчин. Владе 20-30 години му даваше грантови од по 100 000е за разни проекти, и тие сега двајцата се како стари мафијаши кои се како сијамски близнаци, што напише Милчин Геро одма го лупа на портал и прави од тоа тема на денот. Што глупост ќе му текне на Геро, Милчин безпоговорно го шерува и го промовира, какво паклено дуо е тоа...

Таков е односот на Геро и кон СДСМ. Он процени дека од нив нема никаква корист за себе, дури СДСМ се дрзнува да соработува и со луѓе кои Геро ги смета за свои смртни непријатели, па така Геро кон СДСМ гледа како најголемо зло во земјава во моментов! Зошто? Па затоа што нема од нив никаква лична корист, нити го слушаат, нити му се плашат, нити му даваат функции, нити нешто особено го респектираат колку што он мисли дека треба, а он мисли дека они треба САМО НЕГО да го слушаат и секој ден Заев да му се јавува за совет едно ТРИ ПУТА МИНИМУН!

И затоа он сега е спремен да се усојузи со ѓаволот, читај Мицковски само да му се одмазди на Заев, затоа што Мицковски барем го слуша, му ги чеша мадињата, му го чеша егото, Геро во ВМРО ДПМНЕ се чувствува ценет, сакан, респектиран, тоа што на Бихачка го нема!

И затоа Геро сега е ВО СВЕТ ЏИХАД против СДСМ, нема везе дали СДСМ подобро владее од ВМРО ДПМНЕ со земјата, дали земјата оди во права насока, дали се крева економијата, МА НЕМА ВЕЗЕ БРЕ, битно е што СДСМ за Геро е некорисно и со тоа непријател број ЈЕДАН!

Она што е многу интересно е што Геро совршено добро си ја процени силата и навистина креираше масовна невидена хистерија со своите клеветнички текстови за Кики и Фрики. Геро сакаше да покаже колку е моќен и успеа во тоа, навистина е моќен. Но Геро згреши во проценката дека Заев ќе испаничи и ќе го викне во кабинет да му нуди примирје. Геро го потцени Заев. Заев не потклекна. Геро ги испука сите плотуни и се виде дека повеќето биле обични ЌОР ФИШЕЦИ!

Сега што правиме? БАРДОТ Е КЛЕКНАТ НА КОЛЕНА! Еднаш кога ќе се избрукаш, тоа ти останува за век и веков, нема веќе назад. Сега на Геро му останува само се повеќе да влегува во вмровските гомна, таму каде што одамна се заглавени и претаат Васко Ефтов, Златев, Ивона и слична багра квази новинарска. Нема веќе за Геро новинарски височини каде што седат Кабранов, Михајловски, Борјан, Чом, Ордановски, Кате Блажевска, Попетревски и другите. Геро реши да се фрли од тие височини воден од својот мафијашки ум, кој досега добро го служел, со тој ум тој 30 години успевал да се докопа до редица на уреднички позиции и да менаџцира многу медиуми, не дека е нешто многу умен или квалитетен новинар, туку дека знае добро мафијашки византиски да се лакта и да се бори за фотељи, за грантови, за пари, за логистика...

И тоа е дарба која до одреден момент од животот ти оди во прилог но во одреден момент може да те одведе во тешки лајнарии како што му се деси на Геро овие денови.

п.с Најголем доказ за тој мафијашки ум на Геровски е неговиот однос кон Бранко Тричковски. До скоро го ценеше на ниво да му биде колумнист и во весникот и во порталот, а сега води против него таква брутална војна до истребување. Зошто? Па затоа што Тричко ја направи најгиолемата можна грешка и смртен грев, го искритикува Геровски како го уредува Слободен Печат. Па тоа е милион пати полошо од тоа да си 10 години вице премиер на паторот!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија