БОМБА НА МАКТЕЛ - НА БИХАЧКА ЛАДНИ КАКО ШПРИЦЕР - НЕМА НИ ТРАГА ОД ПАНИКА: ВМРО ДПМНЕ НЕМА ДА УСПЕЕ ДА НЕ СРУШИ ОД ВЛАСТ СО ВАКВИ ЛАЖНИ АФЕРИ, ЧИСТИ СМЕ КАКО СОЛЗА ПРЕД ЗАКОНОТ, НАСКОРО ВИСТИНАТА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА!

Објавено на 12.08.2019 во 09:21:34 часот | Македонија

Се интересиравме денеска што се случува во СДСМ, дали владее паника дека аферата РЕКЕТ ќе ги сруши од власт како што паничи опозицијата.

Наместо паника, наидовме на една смиреност и самоувереност која дури не изненади.

- Чисти сме како солза пред законот. Ова е афера која не допира до Бихачка, обидите аферата да се сврти против владата и СДСМ се очајни обиди на опозиција која е пред долг престој во опозиција но и опозиција чие сегашно и поранешно раководство е пред долга робија, ќе го изгубват и украдениот партиски имот и партиско седиште но и нивните спонзори омилени тајкуни се пред долга робија и конфискација на украдениот капитал. Затоа се вака очајни, како ранет лав се и се користат со очајни блефови кои нема да поминат пред јавноста. Единствено обвинување е дека функционери на СДСМ се сликале со Боки без да знаат што тој правел, но нема ништо повеќе од тоа, нема никакви докази дека некој од СДСМ му помагал на Боки да рекетира, нема докази затоа што никој од функционерите на СДСМ не би помислил да се меша во такви криминали, па ние се измачивме мафијата да ја срушиме од власт, ние не сме направени од таков материјал, не се сите политичари исти и тоа јавноста ќе го види.

На наше прашање дали не се загрижени дека сепак штета е направена врз рејтингот на СДСМ, тие велат:

- Секако дека штета има, но опозицијата секогаш ќе прави штета врз власта, прашање е колкава е таа штета и дали е кобна. Нашите анализи велат дека бродот на власта не е фатално пробушен со торпедо, туку само е изгребан еден од јарболите, за да срушите власт ви треба многу повеќе од слика на премиерот со рекетар и фалење на рекетарот дека премиерот ќе му помогне во некакво злодело, за да срушите власт ви требаат многу снимки на кои се гледа и слуша како видни луѓе од власта се вмешани директно со докази во тешки криминали а не рекла казала на рекетари и криминалци кои правеле филмови пред олигарси за да упецаат некое милионче. Најголема штета се направи со тоа што ОЈО остави многу простор овие денови да се шират шпекулации наместо да се расчисти се остави аферата да плива во една неизвесност па се лепеа разни лазни вести и теории на заговор. Но на крај вистината ќе излезе на површина и ќе се види дека се било очаен обид да се спаси ВМРО ДПМНЕ и нивните тајкуни од она што ги чека долга робија за 12-те години пљачка и мафијашки режим и диктатура.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет