ХЕРОЈ НА ДЕНОТ - Судијата Шабани го уништи планот на ВМРО ДПМНЕ: Судењето за „Титаник“ продолжува, има кој да расчистува со ситуацијата во СЈО

Објавено на 12.08.2019 во 12:57:46 часот | Македонија

На денешното судење за случајот „Титаник“, адвокатот Петар Василев побара рочиштето да биде одложено, поради како што рече, новонастанатата ситуација во СЈО.

-Поради новонастанатата ситуација во СЈО и се што беше објавено во јавноста, се доволна причина да се одложи денешното рочиште. Немаме намера да ја одоговлекуваме постапката, туку да се даде простор се да се расчисти, рече адвокатот Василевски.

Судијата Осман Шабани пак му рече дека нема причина судењето да запре.

-Има надлежен обвинител и тој ќе расчистува што треба да се расчисти. Ние не можеме да упаднеме во нивната надлежност, рече судијата Шабани.

Тогаш адвокатот Василев дополни дела мислел на оставката на Катица Јанева, на што судијата му одговори дека оставката е условена, и дека ако биде констатирана тогаш ќе се одлучува како да постапи судот.

Рочиштето продолжи со изведување на доказите за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на обвинителката Лиле Стефанова.

Таа денес го привлече вниманието на јавноста бидејќи е обвинител кој ја води истрагата за случајот „Империја”, за кој пак наводно осомничените во „Рекет“ , Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, земале мито од осомничениот Орце Камчев.

За потребите на истрагата „Рекет“, обвинителката Стефанова  утре ќе сведочи во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет