Браво претседателе Пендаровски, удри и не гледај каде маваш, биди силен претседател па ако треба и да удриш јако по партијата која те кандидира, ич не ги жали!

Објавено на 12.08.2019 во 14:45:53 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Удри претседателе, и не гледај каде маваш! Можеби ќе згрешиш но тоа не е важно, важно е да имаш искрена намера и да не си дел од ничија агенда!

Единствена агенда треба да е верноста кон државата и законите и уставот. Заборави кој те кандидирал, заборави со кој си бил политички соборец, сега сите луѓе од сите партии ти се господари, ВМРОВЦИ, СДСМОВЦИ, ДУЕВЦИ, неопределени, Левица, па дури и оние про-руските фанатици од НДМ на Јанко Бачев, на сите нив треба да им служиш подеднакво.

Па дури сметам дека секој претседател треба да биде малце наклонет на опозицијата, чисто од демократски принципи.

Па дури и ваква мафијашка фашистичка ненормална опозиција треба да го има претседателот за свој повремен сојузник за некои прашања, чисто за да биде фер и еднаква битката за политички натпревар.

Биди силен независен објективен претседател кој нема да мисли кој го кандидирал друже Пендаровски, тоа ќе биде твојот најголем придонес за нормализирање и европеизирање на оваа уништена измачена држава!

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија