ИМА ЛИ ДВОЈНИ АРШИНИ ВО ЗЕМЈАВА: Да го направea Кирацовски и Ременски тоа што го прават постојано Стевананџија и Милошоски, Геро ќе трчаше со туба бензин околу Бихачка!

Објавено на 13.08.2019 во 13:05:58 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Замислете, Фросина Ременски да земеше да лаже и да пушта тешки лаги за наши сојузници, соседи, да биде десетина пати фатена во лага, како што му се случува на Антоњо Милошоски, како ли тогаш ќе беше расчеречена и масакрирана пратеничката од СДСМ од нашата безмислосна јавност?!

Замислете, Александар Кирацовски да земе да се заканува со бесилки, да пцуе, да вреѓа како што нон стоп тоа го прави Димитар Стевананџија, како ли само ќе беше Кирацовски буквално закопан три метра под земја, политички, вербално?!

Па Геро имаше да трча со туба бензин околу Бихачка заканувајќи се дека ако не се извинат за 24 минути, тој ќе се запали со се Бихачка?!?!

Како ли само ќе вриштеа порталите, твитер ботовите, пола МАНУ со онаа Ќулафкова, Трендо на Офф Нет имаше да прави цели филмови и мини серии...

Сите странски амбасади ќе бидат вознемирени, пола НВО сектор ќе држи семинари и конференции на темата, сите контактни емисии ќе бидат со прашање - ТРЕБА ЛИ КИРАЦОВСКИ И РЕМЕНСКИ ДА СЕ ИЗБРКААТ ОД ЗЕМЈАВА?!

А сега молк?! НИКОЈ НЕ РЕАГИРА?!?! Како на ВМРО ДПМНЕ да му е дадена КАРТ БЛАНШ карта да прават што сакаат, се им е простено, но СДСМ не смее ни да прдне ни да се почеша кај што не ги јаде?!

Како се доведовме до оваа ситуација?! Како му успеа ова на ВМРО ДПМНЕ?!

Дали е ова сепак последица, инерција на 12 години режим каде ВМРО ДПМНЕ не смееше да биде критикувано а СДСМ беше масакрирано, па јавноста си тера по инерција, по старо, без да биде свесна за тоа?!?!

Или ВМРО ДПМЕН сеуште ги влече конците во позадина и сеуште има на платен список доволно ботови и новинари и уредници за да ја креира темата на денот и агендата на денот?!?!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија