БЕСА АРИФИ: Заев не требаше да го пријави случајот Рекет, а Пендаровски требаше да ги амнестира сите, ама не, разлика има, не сме повеќе мафиократија каква што сакаат да не прикажат ВМРОВЦИТЕ!

Објавено на 13.08.2019 во 17:58:24 часот | Македонија

Беса Арифи со колумна на НОВА:

Еве да се потсетиме како реагираше ВМРО-ДПМНЕ и Груевски кога се објавија нелегално прислушуваните разговори: сечени лепени монтирани снимки, кажа Груевски како премиер и остана на таа изјава до самиот крај. Дури и Катица која е во најпроблематична ситуација во сегашниот скандал не рече дека тоа што се слуша е сечено лепено или монтирано.

Понатаму, да беше ова 2016 година, до сега Пендаровски ќе го користеше без одолговлекување непостоечкото право да помилува без претходна постапка и ќе ги помилуваше сите, Боки, Орце, Зоки Кичеец, Катица, Лиле… сите, со све сведоци, за дела за кои уште не се ни води постапка. Нели така постапуваше претхондиот ни претседател обидувајќи се да не „помири“ простувајќи им на сите политичари и криминалци истовремено. Не заборавајте дека ВМРО и Мицковски уште ги смета судењата на Груевски и компанијата за политички прогон, Нирнбершки процеси итн… А ОЈО за организиран криминал води каква таква истрага за „Рекет“ а не молчи како обвинителството на Зврлевски во времето кога беше неопходно да се формира СЈО.

Така што разлика има, не сме повеќе мафиократија каква што сакаат да не прикажат. Меѓутоа, едно треба да биде јасно. Ова е време кога институциите во детали и на најпедантен начин мора да го спроведуваат законот, а ОЈО за организиран криминал треба што е можно побргу да излезе со јасни наводи за истрагата а не да се ограничи едниствено на Боки и Зоки кои испаднаа поголеми мафијаши од Тото Рина и Ал Капоне заедно. Доколку нашите институции сакаат навистина да веруваме дека правдата е можна не смеат никого да заштитат, ниту специјален обвинтел, ниту судија, ниту министер ниту премиер. Единствено во тоа е спасот од мрачните сили кои упорно се обидуваат да не довлечат во нова и подлабока бездна.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет