Струшкиот Совет го прифати Акцискиот план за исполнување услови за зачувување на статусот од УНЕСКО

Објавено на 14.08.2019 во 20:10:50 часот | Македонија

Струшките советници на денешната седница го донесоа Aкцискиот план за преземање активности со кои ќе се исполнат условите за зачувување на статусот на заштитено природно и културно наследство од УНЕСКО на регионот околу Охридското Езеро.

Во отсуство на градоначалникот Рамиз Мерко донесена е и времената мерка за мораториум на градба, донесување и спроведување урбанистички планови и легализација на бесправно изградени објекти.

Во Aкцискиот план е наведено дека до крајот на 2020 година ќе се дислоцира депонијата, односно до отворање на регионална депонија, како и рушење на дивоградбите од крајот на 2021 година.

Според советниците од СДСМ, Акцискиот план е реален и остварлив, додека за ВМРО – ДПМНЕ и Алијансата на албанците е нереален и сметаат дека невозможно е да се реализира.

Покрај средбата на координаторите на советничките групи со инспекторите не добиле информација колкава е бројката на дивоградби на Струшкото крајбрежје.

– Дивогрдбите во Струга не се од сега, тие се направени во изминатите 10-15 години. Гласавме нешто што навистина ни правеше проблем изминатите години и е рак рана на општината што треба да се среди. Владата пред две години додели средства за санирање на депонијата со што таа се конзервираше и сега нема проблем со палењето. Процесот за дислокација е запрен бидејќи не се изгради регионалнаат депонија, истакна Ацо Ѓуроски, советник од СДСМ.

За Ален Деребан од ВМРО – ДПМНЕ конфузни се сите точки од Акцискиот план, но дале поддршка за да не испадне дека се против УНЕСКО.

– Дадовме подршка на морaториумот за градба да не испадне дека имаме против УНЕСКО. Но, сигурни сме дека Aкцискиот план нема да се реализира бидејќи во него јасно е наведено дека ќе се почне со рушење на дивоградбите на крај на 2021 година. Дислокацијата на депонијата е предвидена за крајот на 2020, односно до изградбата на регионална депонија. Конфузни се сите точки. Акцискиот план има само деклартивна природа и нема да се спроведе. Овие проблеми ќе останат за решавање за друга влада и друг градоначалник, смета Деребан.

За дислокација на депонијата до крајот на 2020 година, скептик е и Алијансата на албанците.

– Скептици сме за дислокација на депонијата, бидејќи е донесена тука од овој градоначалник во претходните мандати и нема капацитет, ниту идеја и можност да се дислоцира. Се планира за регионална депонија што нема шанси за кратко време. Депонијата ќе остане на ова место уште многу години. Дивоградби има, а капацитет за нивно отстранување нема, изјави Имер Имери, советник од Алијанса на албанците

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет