Политичарите но и судиите и обвинителите мора да бидат добро платени, значи зборам за плати од 3-5 илјади евра ако сакаме да живееме во земја без корупција и криминал!

Објавено на 15.08.2019 во 12:15:22 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Најмногу штета за една држава може да направи амбициозен харизматичен корумпиран политичар.

Тој желен за пари а со ниски плати во политиката може да најде такви луди начини за да и наштети на државата а притоа да се збогати што тоа е чудо невидено.

Земјите може да западнат во војни, да банкротираат и слично само затоа што не сакале да ги платат добро своите политичари.

Не смееме да штедиме пари за плати на политичарите, судиите и обвинителите. Тогаш некој друг ќе реши да ги плати и ќе наебеме гадно, штетата ќе биде пута милион!!!

Платите на политичарите и останатите носители на функции кои одлучуваат за земјата и за поединци мора да се движат од 3 до 5 илјади евра.

Така тие ќе бидат тешко поткупливи, ќе имаат пари дури и за своите деца па нема да може некој да ги поткупува со тоа што ќе им ги вработува децата по разни фирми или институции.

Нашите политичари, судии и обвинители мора да имаат легален начин и пат како да се збогатат при тоа вршејки си ја својата работа професионално и одговорно.

Затоа овие апели да се укине апанажата се популистички и штетни за земјата. Политичарите исплашени дека ќе останат на улица ќе бараат начин како да стапат во контакт со мафијаши и криминалци за да си обезбедат пари после пензионирањето или после престанокот на функцијата.

Тоа не смееме да го помагаме како процес, треба да го одмагаме!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија