Недораснататите деликвенти - шарлатани вечни дечишта од Анима Мунди кои живеат во светот на Петар Пан

Објавено на 21.08.2019 во 00:20:02 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Вице премиерот Кочо Анѓушев денеска објаснува добро јасно со прости зборови - луѓе ако не се организираме и не делуваме на време, ќе биде збришана цела свињарска индустрија во земјава.

Значи затворање на стотици свињарски фарми, банкрот и останување без работа на илјадници фармери. Огромни загуби во целото земјоделие и сите гранки поврзани со свињарството - производство на сточна храна, ветеринарни станици, транспорт, кланици...

Илјадници семејства ќе останат со кредитите земени за фармите, вкупната штета од над 100 милиона евра може да банкротира и некоја од банките. Месарниците ќе мора да ги кренат цените на месото, ќе поскапи храната, речиси се во земјава се прави од свинско месо.

Се што треба да направиме за да го избегнеме овој хорор филм е да утепаме околу 4000 диви свињи кои и онака се множат како глувци и во САД се сметаат за голема напаст и штета за природата и да ги натераме одгледувачите на домашни свињи да си ги изедат свињите малце пред време и да добијат по 50е за свиња како оштета од државата.

Доста добар план и логичен, владата ќе потроши околу 1 милион евра за овој план за да спаси штета од 100 милиона евра. Браво за владата!

И од нигде никаде Анима Мунди се буни, кој смеел да ги чепка дивите свињи, тоа било страшно?!

Ало бре дечишта едни разгалени наивни прости и глупи до коска, па имате ли вие два грама мозок во тие лејките?!?!?

Ало бре, илјадници луѓе ќе банкротираат ќе останат без работа, децата ќе им останат без храна, вие знаете ли што е банкрот и немање работа?!?! Тоа е страшно, тоа е агонија, тоа е жално!

Не е жално да утепаш дива свиња, жално е да видиш семејство без струја облека и храна!

Дај бе свестете се, хуманизирајте се, луѓето се најважни, дај разбудете се од тој ваш ПЕТАР ПАН СОН, пораснете бе дечишта вечни!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија