ОЈО ГО ЗАПЛЕНИ МЕБЕЛОТ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: КАМИОН НА МВР ПАРКИРАН ПРЕД НЕЈЗИНАТА КУЌА!

Објавено на 21.08.2019 во 16:35:24 часот | Македонија

 

Специјалната обвинителка Катица Јанева од СЈО, кај што беше однесена со полициска придружба како уапсено лице, вратена е назад во домот од каде треба да се запленува доказен материјал во нејзино присуство.

Пред нејзината порта се паркира камион од МВР. Се претпоставува дека треба да се товара мебелот во вредност од 5.000 евра, кој за нејзе го набавил еден од осомничените во „Рекет“ за да ги врши олеснувањата за осомничениот во „Империја“ Орце Камчев. Јанева, според она што го кажаа претходно на прес-конференција државниот обвинител Љубомир Јовески и шефицата на ОЈО за организиран криминал Вилма Рускоска, влијаела и средила да му биде заменета на Камчев мерката притвор во куќен притвор, како и да му биде даден времен пасош на Камчев за да може да ја напушти државата. На нејзин предлог судот постапи истоветно, иако предлозите и мислењата на обвинителите, не се обврзувачки за кој и да е суд.

Во оваа фаза на истрагата, се кажа само дека за овие влијанија Јанева противправно набавила мебел од 5.000 евра, а посредникот Бојан Јовановски, дури 1.500.000 евра. Првично на, Камчев за влијанието врз неговата пријателка Јанева, тој, според истрагата, барал 8 милиони евра.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет